Светските лидери со честитки до турскиот претседател Ердоган за реизборот

May 28, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Лидерите на Катар, Унгарија, Сомалија и Пакистан беа меѓу првите шефови на држави и влади што му честитаа на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој води во вториот круг од претседателските избори, јавува Анадолу.

„Драг мој брат, ти честитам на победата и ти посакувам успех во новиот мандат и во него да го постигнеш она кон што братскиот турски народ се стреми во насока на напредок и просперитет“, рече катарскиот емир шеик Тамим бин Хамад Ал Тани на Твитер.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан му честита на претседателот Ердоган за, како што рече, неговата несомнена изборна победа.

„Честитки братска и пријателска Туркије“, се вели во Твитер-објавата на канцеларијата на сомалискиот претседател Хасан Шеик Мохамуд.

Во својата честитка пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф го опиша Ердоган како „еден од ретките светски лидери чија политика е закотвена во јавната служба“.

Ердоган води со 53,41 отсто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Киличдароглу има 46,59 отсто од пребројани 75,42 отсто гласови, изјави Ахмет Јенер, претседателот на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новоизбраните градоначалници на северот на Косово имаат нула политички легетимитет, вели известувачката за Косово во ЕП

Следно

Ердоган води пред Киличдароглу, соопшти Изборната комисија на Турција по официјално пребројани 75,4 отсто од гласовите

Latest from Blog

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop