(ФОТО) По вчерашните тензии, на северот на Косово утринава е мирно

May 27, 2023
1 min read

Косовската полиција, која вчера со возила го блокираше пристапот до зградите на општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, сè уште е во општинските објекти и ги блокира пристапот до нив

По вчерашните тензии, српскиот претседател Александар Вучиќ ја подигна борбената готовност на Армијата, а за денеска закажа состанок на Советот за безбедност, кој во моментов е во тек

По вчерашниот конфликт меѓу граѓаните и косовската полиција во општините со мнозинско српско население, на северот на Косово утринава е мирно, објави српскиот радиодифузен сервис.

Косовската полиција, која вчера со возила го блокираше пристапот до зградите на општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, сè уште е во општинските објекти и ги блокира пристапот до нив.

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На административните премини „Јариње“ и „Брњак“ денеска нема застој, а патничкиот и товарниот сообраќај се одвиваат без проблеми. Синоќа на овие премини имаше метеж поради

Тензиите во општините со мнозинско српско население во Косово се случија откако новоизбраните градоначалници, на изборите што ги бојкотираа Србите, вчера ги презедоа функциите и влегоа во општинските згради.

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во судир на косовската полиција со Србите беа повредени десетина лица.

Шефот на парламентарната комисија за Косово, Милован Дрецун, за РТС обвини дека косовскиот премиер Албин Курти намерно го избрал вчерашниот ден за инцидентите на северот на Косово поради митингот на српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград, со цел да го испровоцира српскиот народ.

Тој вели дека овие инциденти се „последната граница“ на Курти, бидејќи по преминувањето на таа граница, како што рече, следуваат опасни последици. 

„Првата последица е широк конфликт со српскиот народ. Втората е прекин на дијалогот, за што сега е бесмислено да се зборува“,

вели за РТС шефот на парламентарната комисија за Косово, Милован Дрецун.

По вчерашните тензии, српскиот претседател Александар Вучиќ ја подигна борбената готовност на Армијата, а за денеска закажа состанок на Советот за безбедност, кој во моментов е во тек.

Постапките на косовските власти наидоа на осуда од меѓународната заедница. Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, го повика премиерот Албин Курти да го смени курсот и потенцираше дека Косово постапува спротивно на советите на САД и европските партнери. Порача дека ваквите постапки ќе се одразат на билатералните односи меѓу Косово и Србија.

Европската Унија, пак, нагласи дека нема да прифати никакви дополнителни еднострани или провокативни дејствија и порача дека приоритет треба да бидат зачувување на мирот и безбедноста на теренот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

УЕФА подготвува суспензија од евро-куповите за Јувентус ?

Следно

Ново издание на 360°: Зошто граѓаните да веруваат во „брза патека за ЕУ“ по сите изневерени очекувања?

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop