ЈА КОРИСТЕШЕ ТРАУМАТА ЗА ДА ГО ПРОМЕНИ СВЕТОТ – ЅВЕЗДИТЕ СЕ ЗБОГУВААТ СО РОК КРАЛИЦАТА ТИНА ТАРНЕР

May 25, 2023
1 min read

Познатите личности и обожавателите ѝ оддадоа почит на Тина Тарнер, 83-годишната соул легенда која почина вчера. Бијонсе ја нарече „олицетворение на страста и моќта“, а ѝ се придружија и Мик Џегер и другите ѕвезди во славењето на музичкото наследство на Тарнер. Пејачката, чија смрт беше објавена вчера во Швајцарија, имаше голем број здравствени проблеми во последните години.

Физички малтретирана, емотивно разорена и финансиски уништена од нејзиниот 20-годишен брак со музичарот Ајк Тарнер со кого се разведе во 1976, таа сама си ја врати кариерата како соло пејачка и стана суперѕвезда во своите 40-ти години, во време кога повеќето нејзини врсници беа на пат надолу, и со децении остана врвна атракција со концертите.

„Како да се збогуваме со жена која ја поседуваше нејзината болка и траума и ги користеше како средство за да помогне да се промени светот?“, изјави Анџела Басет, која ја глумеше Тарнер во биографскиот филм „Што има љубовта со тоа“ (What’s Love Got to Do With It) од 1993.

„Преку нејзината храброст да ја раскаже својата приказна, нејзината посветеност да остане на патот во нејзиниот живот, без разлика на жртвата, и нејзината решеност да создаде простор во рокенролот за себе и за другите што личат на неа, Тина Тарнер им покажа на другите кои живееја во страв како треба да изгледа убава иднина исполнета со љубов, сочувство и слобода“, рече Басет.

Мараја Кери и Опра Винфри ја величаат Тарнер за надминување на долгогодишното семејно малтретирање. Семејството Обама рече дека таа „ја пееше нејзината вистина низ радост и болка“. Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека Тарнер го започнала животот како ќерка на фармер, а се воздигна со нејзиниот „талент што се случува еднаш во генерација“.

Наречена кралица на рокенролот, Тарнер имаше глас како ураган и соодветно присуство на сцената.

Американската пејачка Глорија Гејнор рече дека Тарнер „го отворила патот за толку многу жени во рок музиката, црни и бели“. Нејзината современичка Дијана Рос рече дека е „шокирана“ и „тажна“ од смртта на Тарнер.

Мик Џегер рече дека е тажен поради смртта на неговата „прекрасна пријателка“. „Таа беше навистина енормно талентирана пејачка“, напиша фронтменот на „Ролинг стоунс“. „Таа беше инспиративна, топла, смешна и дарежлива. Таа ми помогна толку многу кога бев млад и никогаш нема да ја заборавам”, рече Џегер.

Сер Елтон Џон ја нарече Тарнер „тотална легенда на снимките и на сцената“: „Изгубивме една од највозбудливите и најелектрични пејачки … Таа беше недопирлива“.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палестина побара од ОН да направат чекор за спречување на израелските прекршувања

Следно

САД ја одобрија продажбата на системот за воздушна одбрана за Украина во вредност од 285 милиони долари

Latest from Blog

„Ова беше најголемиот грабеж во историјата на светските првенства“

Шпанскиот новинар Маноло Лама не штедеше зборови по драматичната победа на Аргентина над Египет во осминафиналето на Светското првенство, велејќи дека тоа е „најголемото судење во корист на една репрезентација во историјата

Во Барселона забележан нов температурен рекорд

Во многу популарниот туристички град на Шпанија, близината на морето го ублажува чувството на топлина, велат експертите. Земјата речиси навикната на високи температури Шпанската метеоролошка агенција Аемет вчера издаде црвено предупредување за

Колку лица годинава заработиле кривични пријави поради предизвикување на пожари?!

Во текот на актуелната 2026 година, од страна на Министерството за внатрешни работи се поднесени 8 кривични пријави за сторени 8 кривични дела „предизвикување општа опасност“ против 10 сторители, велат од МВР,

Проданоски: Младите се чувари на македонската музичка традиција

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на концертот „Како дишам јас“, на кој Сергеј Настески заедно со своите колеги приреди музичка вечер исполнета со автентичниот звук на македонската народна традиција. Во

Само еден фудбалер се вратил во Бразил со репрезентативниот авион!

Репрезентацијата на Бразил шокирачки е елиминирана од тековниот Мундијал во осминафиналето каде што беше целосно надиграна од Норвешка. Селекторот Анчелоти не успеа да го издигне Бразил на нивото на кое што посакуваше
Go toTop