Ердоган: Туркије отсекогаш била безбеден дом за сите кои низ историјата биле во неволја

May 23, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, порача дека Туркије повеќе од 20 години вложува напори и константно ги зајакнува односите со братските и пријателските земји, јавува Анадолу.

Ердоган на својот официјален профил на Твитер објави порака во која се осврна на напорите што ги вложува Туркије во односите со братските и пријателските земји. Заедно со текстот, тој сподели и фотографија за време на една од неговите посети на Сараево, главен град на Босна и Херцеговина.

„Не можеме доволно да му се заблагодариме на Бога што имаме дом како Туркије, што имаме татковина како Туркије. Туркије отсекогаш била безбеден дом и место на благосостојба за секој брат и сестра што низ историјата биле во неволја, Черкезите, Татарите, Гагаузите, Албанците, Помаците, Бошњаците, Туркмените, Мешкетите, Узбекистанците, Ујгурите“, наведе Ердоган.

Тој рече дека Туркије со текот на времето има сѐ посилни врски со своите братски и пријателски земји, со кои дели заедничка историја, култура, јазик и религија.

„Заедно со Азербејџан го ослободивме Карабах по 30 години окупација. Со нашата ТИКА и Генералниот директорат на вакафот ги обновивме и оживеавме наследството и историските споменици на нашите предци. Со ЈТБ, Институтот ‘Јунус Емре’ и Фондацијата Маариф ги заштитивме нашиот јазик, историја и цивилизациски вредности. Ги зајакнавме нашите човечки и комерцијални врски со нашите Туркиш ерлајнс, Анадолу и ТРТ. Со нашата Црвена полумесечина, АФАД и невладините организации им притрчавме на помош на нашите браќа во тешки денови“, наведе Ердоган.

Нагласи како Туркије ѝ притрча на помош на Босна и Херцеговина за време на поплавите, но и на Албанија во разорниот земјотрес.

„Како резултат на овие напори, со кои продолжуваме веќе 21 година, повторно ги освоивме срцата и го зачувавме наследството на султанот Фатих по еден век копнеж. Се надеваме дека и по 28 мај ќе продолжиме да го чуваме аманетот што ни го даде покојниот Алија [Изетбеговиќ]“, порача Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонскиот државјанин ранет на Врачар се нашол на погрешно место во погрешно време

Следно

Сè поизвесно одржувањето нови избори во Грција: Ципрас не го прими мандатот за формирање влада

Latest from Blog

Откриено што му предложил Иран на Трамп

Иранскиот предлог, кој американскиот претседател Доналд Трамп моментално го отфрла, би го отворил Ормутскиот теснец за бродови и би ја прекинал американската блокада на Иран, а воедно би ги одложил преговорите за

ВЛЕН обвинува за „паника во ДУИ“ и отвора прашања за одговорност за договорот со “Енергоинвест”

Коалицијата ВЛЕН излезе со остра реакција во која ја обвини ДУИ дека денес брани проект што, според нив, токму нивни функционери претходно сметале дека треба да се раскине. Станува збор за договорот

ВЛЕН: Лажната загриженост на ДУИ крие страв од одговорност за испумпаните пари

Од коалицијата ВЛЕН велат дека ДУИ денес брани проект што, според нив, токму нивни функционери претходно сметале дека треба да се раскине, алудирајќи на договорот со Енергоинвест за интерконекцијата со Албанија. Од

Нова европска декомратија: ЗА МИНИСТЕР ГО ПОСТАВИ СВОЈОТ ЗЕТ, А ПРЕТХОДНО БЕШЕ ЖЕНАМУ

Власта во Унгарија се смени. На власт дојде младиот Петер Маѓар да ја “ослободи државата од корупција и непотизам“ во која власт Маѓар беше на високи функции а неговата сопруга беше министер
Go toTop