МВР на Република Српска уапси девет лица осомничени за детска порнографија

May 23, 2023
1 min read

Според неофицијални податоци, осомничените се рекламирале на социјалните мрежи дека поседуваат фотографии и видеа од детска порнографија, а потоа за паричен надомест ги продавале фотографиите и видеата на други лица

Министерството за внатрешни работи (МВР) на Република Српска уапси девет лица под сомнение дека извршиле неколку кривични дела – експлоатација на деца за порнографија, перење пари и нелегално производство и тргување со оружје или експлозивни материјали.

Постапувајќи по наредба на надлежните судови, полициските службеници извршиле претреси на осум локации за кои било утврдено дека ги користеле лица поврзани со извршувањето на наведените кривични дела.

Во претресот се пронајдени и одземени компјутери, таблети, мобилни телефони, мемориски картички, сим-картички и други уреди за чување на дигитални податоци, како и предмети кои може да се поврзат со извршувањето на кривичните дела, се наведува во соопштението на Министерството.

Локалните медиуми неофицијално објавија дека уапсените се осомничени дека преземале фотографии и видеоснимки од веб-страници кои содржеле материјали од детска порнографија, по што, користејќи социјални мрежи и апликации за комуникација, ја споделувале таа содржина во неколку наврати.

Според неофицијални податоци, осомничените се рекламирале на социјалните мрежи дека поседуваат фотографии и видеа од детска порнографија, а потоа за паричен надомест ги продавале фотографиите и видеата на други лица. Плаќањето се вршело преку платежниот сервис „Пејпал“, каде осомничените имале свои сметки на кои ги примале уплатите.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Приведени 12 лица за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ

Следно

Туркије изврши уште едно тестирање на домашната балистичка ракета „Тајфун“

Latest from Blog

Девет месеци по новиот предлог, законот никако да се донесе: Претседателката помилува, новите правила на чекање

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, неодамна, на 2 Август – Илинден, помилува 25 осудени лица, но и годинава тоа беше направено врз основа на законските одредби донесени уште во 1993 година. Новите

Сити носи замена за Родри од Франција

Мароканскиот репрезентативец Ајуб Боудади ќе биде замената за легендарниот Родри во тимот на Манчестер Сити. Играчит на Лил, кој што е проценет на 100 милиони евра, летово ги промени националните бои и

Речиси 6 милиони денари промет: Макпетрол повторно во фокусот на инвеститорите

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,99 поени. Во однос
Go toTop