Татко на едно од убиените девојчиња во Белград: Во училиштето на децата им пуштале народна музика за да се поврзат со духовите на настраданите

May 22, 2023
2 mins read

Според тврдењата на таткото, докторката е вработена на невропсихијатриското одделение во Клиничкиот центар на Србија и таа била ангажирана од страна на Министерството за здравство за да им помогне на децата и родителите да се справат со ситуацијата. Овие информации, како што рече, ги изнесува во јавноста под целосна морална одговорност и додаде дека е подготвен тоа да го брани на суд, како и дека добил согласност од мајка чие дете било на терапиите

Татко на едно од убиените девојчиња во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград вели дека на деца од ова школо на психотерапиите им пуштале да слушаат народна музика и така „се поврзувале со духовите и душите на своите другари кои настрадаа“. Според неговите тврдења, настанот се случил на 5 мај (два дена по масовното убиство) и бил под покровителство на училиштето. Тој ден, како што раскажа тој, некои деца дошле во школото за да земат некои работи што им требале, а докторката била таму и ги внела во кабинетот.

„На ’мрачната психосеанса‘, која на децата им ја држела докторката Ранка Радуловиќ, со знаење на директорката на училиштето, на децата им пуштала народна музика и им зборувала дека треба да се поврзат со духовите и душите на своите загинати пријатели и пријателки. Не постои никој што може да објасни како се случило тоа. Тоа било без знаење на родители, девојче се вратило дома уплакано, во траума и рекло дека било на сеанса, дека било одвратно“,

раскажа во емисијата „Впечаток на неделата“ на Нова ТВ, Слободан Негиќ, татко на убиената Софија во масовното убиство.

Меѓу децата што биле на ваква терапија, како што вели, била и една од најдобрите другарки на неговата ќерка.

Таткото рече и дека бил на состанок со родителите на другите убиени деца и претставници на сите релевантни институции на Република Србија, при што прашал која е докторката Ранка Радуловиќ, но никој од присутните не знаел за што станува збор.

Според тврдењата на таткото, докторката е вработена на невропсихијатриското одделение во Клиничкиот центар на Србија и била ангажирана од страна на Министерството за здравство за да им помогне на децата и родителите да се справат со ситуацијата.

Во емисијата Негиќ рече дека ќе ги искористи сите правни средства докторката повеќе да не работи и наведе дека директорката на училиштето во извештајот за напредокот на децата со терапиите во еден дел напишала: „на почетокот имало одредени проблеми во комуникацијата меѓу децата и терапевката, но тие проблеми се надминати и воспоставен е континуитет во психотераписката помош“.

Таткото кажа дека ги изнесува сите информации во јавноста под целосна морална одговорност и дека е подготвен тоа да го брани на суд, како и дека добил согласност од мајка чие дете било на терапиите.

„Мислам дека изнесувањето на вистината е некој вид морална одговорност и дека нема место за се избегнуваат фактите бидејќи ние ни вака не разбираме што се случило“,

вели Негиќ.

Во телевизиското гостување, тој ја поддржува и одлуката на Советот на родители дека децата не треба да се вратат во тоа училиште.

„Не можете да им ја излечите траумата на местото каде што таа се случила. Таму каде што ја чекав мојата Софија“,

рече Негиќ.

Според него, зголемувањето на бројот на полицајци, што беше една од мерките на власта, може да биде само преодно решение.

„Знам деца кои ја преживеаја таа траума. Некои деца сè уште не зборуваат. Некои деца не сакаат веќе да одат во училиште воопшто. Сакате да направите проценка на траумата, па мора ли да го правите тоа на местото каде што таа настанала?“,

праша таткото.

За својот телевизиски настап, Негиќ вели дека решил да гостува во емисијата бидејќи има потреба да ја претстави во јавноста тежината на ситуацијата. Сака да ја искористи шансата, вели, да ги каже фактите и да ја пробуди свеста кај луѓето.

„Никој нема решение и многу е тешко да се живее со ова, но гледам кај луѓето искрена желба кога ме гледаат во очи, преплашени се со ова што го гледаат и реагираат на човечко ниво, ова ги надминува сите секојдневни теми дневнополитички приказни. Секој што во ова наоѓа простор да пласира непромислени мислења, наместо тоа што навистина се случило, прави само лоша услуга на општеството“,

рече таткото.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелските сили застрелаа 3 Палестинци за време на рација во Наблус

Следно

Видео: Вардар имаше шампионски пречек во Скопје

Latest from Blog

(Фото) „ШПАНИЈА Е ОКУПИРАНА!“ – Европа и Трамп го кренаа гласот, Мадрид пред губење на шенгенскиот статус!

По масовното пристигнување на мигранти на шпанската територија во енклавата Сеута, низа европски политичари и влади жестоко ја критикуваа владата во Мадрид бидејќи не ги заштитила надворешните граници на Европската Унија. На

Водата на Попова Шапка не е безбедна за пиење

Јавното комунално претпријатие „Шари“ – Тетово ги известува жителите и посетителите на Попова Шапка дека водата од водоводната мрежа во моментов не е безбедна за пиење, бидејќи не е извршена дезинфекција, односно

Проданоски упати честитка за Илинден: Само сплотени можеме да ги надминеме предизвиците

По повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката и големиот христијански празник Свети Илија, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните, посакувајќи им здравје, мир и благосостојба. Проданоски
Go toTop