Фудбалскиот клуб Вардар се врати во Првата македонска фудбалска лига

May 21, 2023
1 min read

Екипата на Вардар издвојува победа над Скопје од 3-0 во бараж мечот кој попладнево се одигра во Кавадарци, победа со која најтрофејниот македонски клуб се враќа во Првата лига.

Избраниците на Бобан Грнчаров доминираа на мечот против досегашниот прволигаш, му одржаа вистинска лекција и сосема заслужено се враќаат во домашната елита каде што и на Вардар му е местото.

Големиот триумф на „црвено-црните“ беше најавен на самиот почеток кога Размоски во 3 минута ја затресе мрежата на Ефремов.

Вардар во првиот дел имаше уште неколку прилики, полуприлики кои не ги искористи, додека пак Скопје остана без играч помалку откако Миле Тодоров врати факел кон трибините каде што се наоѓаа навивачите на Вардар.

По паузата одново четата на Грнчаров беше поконкретна и по додавање на Десниќ на 2-0 зголеми Размоски. Во 60 минута се случи најубавиот момент кога Глишиќ погоди од слободен удар по додавањето на Николовски.

До крајот немаше промени, се играше мирно, па вардарците официјално го обезбедија прволигашкиот статус и тоа по една многу тешка сезона.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Излезни анкети по изборите во Грција: Водат конзервативците на премиерот Мицотакис

Следно

Активисти за заштита на животната средина ја поцрнија водата во римската фонтана „Треви“

Latest from Blog

Николоски: Македонија го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори

Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија. Тоа е систем на ЕУ

Николоски: Првите 30 електрични автобуси ги очекуваме во декември или јануари, а во првиот квартал на 2027 ќе го завршиме автопатот Охрид – Кичево

Првите 30 од вкупно 150 електрични автобуси се очекува да пристигнат во земјава во декември или јануари, а целата набавка да биде реализирана во рок од година и половина, соопшти вицепремиерот и

Село Пасинки во Голо Брдо по првпат ги собра жителите и иселениците на годишна средба

Фото: Македонски весник “Илинден” На 9 август 2026 година, во живописното село Пасинки, областа Голо Брдо, се одржа првата годишна средба на жителите, иселениците  на селото. Средбата беше организирана со цел повторно да се
Go toTop