(ФОТО) Италија под закана од нови поплави, досега над 27 000 луѓе беа евакуирани од своите домови

May 20, 2023
1 min read

Се верува дека новите дождови би можеле повторно да го подигнат нивото на реките во сериозно поплавеното подрачје во Италија. Но, врнежи се предвидуваат и на островот Сицилија, на островот Сардинија и во регионот Пиемонте. Во лошото време во Емилија-Ромања досега има 14 жртви

Во италијанскиот регион Емилија-Ромања и денеска во сила е црвено предупредување поради нов циклон кој доаѓа од Тунис, кој влијае на времето во земјата, јавија италијанските медиуми.

Се верува дека новите дождови би можеле повторно да го подигнат нивото на реките во сериозно поплавеното подрачје. Но, врнежи се предвидуваат и на островот Сицилија, на островот Сардинија и во регионот Пиемонте.

Фото: EPA-EFE/BOVE-ZANI

Повеќе од 27 000 луѓе беа евакуирани од своите домови само во провинцијата Равена во Емилија-Ромања, каде ситуацијата и понатаму е особено комплицирана, а има недостиг на вода за пиење и храна во некои региони.

Во лошото време во Емилија-Ромања досега има 14 жртви. Претходно месецов во невреме со пороен дожд во истата област животот го загубија две лица.

Фото: EPA-EFE/MAX CAVALLARI

Извори блиски до италијанската премиерка Џорџа Мелони велат дека таа може предвреме да го прекине учеството на самитот на Г7 и да се врати во Италија поради катастрофата во Емилија-Ромања.

Во регионот четири лица се повредени денеска кога хеликоптер се урна во Белричето ди Луго во провинцијата Равена. Хеликоптерот бил вклучен во операција за обновување на електричната енергија кога се урнал. 

Фото: EPA-EFE/MAX CAVALLARI

Италијанските власти користат хеликоптери за да ги спасат луѓето заробени во нивните домови поради поплавите во Емилија-Ромања и за голем број други операции за помош поради невремето.

Едно лице го загуби животот во лошото време во јужниот регион Калабрија. Таму силниот ветер соборил дрво кое паднало врз човек кој излегол да го шета своето куче.

Насловна фотографија: EPA-EFE/BOVE-ZANI

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Крај на доминацијата на Баерн во Бундеслигата? Борусија се поблиску до титулата

Следно

Навивачот на Вест Хем кој сам ги тепаше хулиганите на АЗ: Не сум херој, едноставно не сакам насилници (ВИДЕО)

Latest from Blog

Кукуреља го убедувал Родри да потпише за Реал: „Се надевам дека нема да има успех во Барселона“

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља откри дека во текот на летниот преоден рок се обидел да го убеди својот сонародник Родри да се пресели во Реал Мадрид. Дефанзивецот на „кралевите“ во интервју за

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се
Go toTop