САД: Шефот за санкции станува шеф на дипломатијата за Европа

May 20, 2023
1 min read

Џејмс О’Брајан, кого американскиот претседател Бајден го номинира за помошник државен секретар за Европа и Евроазија, во моментов е шеф на Канцеларијата за координација на санкциите во Стејт департментот, односно е одговорен за т.н. „црна листа“

Ако биде потврден од Сенатот, тој ќе му биде шеф на заменик-помошникот државен секретар за Западен Балкан, Габриел Ескобар

Амриканскиот претседател Џо Бајден ќе го номинира Џејмс О’Брајан за помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, соопшти Белата куќа.

Џејмс О’Брајан

Станува збор за исклучително важна позиција во Стејт департментот, која подразбира координација на американската надворешна политика за 50 држави и повеќе меѓународни организации и ентитети, како НАТО, Европската Унија и др. Ова биро е директно надлежно и за регионот во кој во моментов се одвива војна по руската агресија на Украина, а во негови ингеренции е и политиката на САД кон Северна Македонија и кон Балканот.

Со одлуката за номинирање на О’Брајан, претседателот Бајден го пополнува испразнетото место на помошник државен секретар за Европа и Евроазија откако на крајот на март оваа година Карен Донфрид реши да се повлече од оваа позиција со објаснување дека сака повеќе да му се посвети на семејството. Номинацијата на О’Брајан треба да биде одобрена од Сенатот на САД.

Џејмс О’Брајан во моментов е шеф на Канцеларијата за координација на санкциите, која функционира во рамките на Стејт департментот. Со популарен речник, тоа е позиција од која се координира кој ќе биде ставен, а кој тргнат од т.н. „црна листа“ на САД, вклучително и за поединци и други субјекти од Северна Македонија. Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, најавуваше можност неколку имиња од С Македонија во следниот период да се најдат на „црната листа“.

Инаку, О’Брајан служел на високи позиции во две претходни американски администрации и важи за одличен познавач на состојбите на Балканот. Ако биде потврден од Сенатот, тој ќе му биде шеф на заменик-помошникот државен секретар за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лидерите на Г7 порачаа дека нема да се двоумат да ја поддржат Украина

Следно

Барселона постигна вербален договор со Гундоган

Latest from Blog

Даниловски: Тигрестиот комарец е лош летач, тој е ниско при земја и со аеропрскање не му можете ништо

Oдозгора не им можете ништо. Тука единствено доаѓа предвид онаа терестрична, локална дезинсекција, појаснува епидемиологот Според него, ова што сега се прави, не се превентивни, туку се противепидемиски мерки. Аеропрскањето не значи

Дел од Тетово и тетовско утре без струја поради замена на дрвен столб со бетонски столб

Дел од Тетово и тетовскиот регион утре, 14 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Според најавата, во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе
Go toTop