Ердоган за „Си-ен-ен интернешнал“: Народот и во вториот круг ќе ја покаже силата на турската демократија

May 19, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, во интервју за „Си-ен-ен интернешнал“ (CNN International) изрази уверување дека турскиот народ и во вториот круг од изборите, кои ќе се одржат на 28 мај, ќе ја покаже силната турска демократија, пренесува Анадолу.

Ердоган во интервјуто одговараше на прашањата на новинарката Беки Андерсон, и говореше за различни теми, од изборниот процес до надворешната политика.

На прашањето: „Во изминатите 20 година лесно победувавте на сите избори на кои учествувавте, и постигнавте рекорди на изборите. Во историјата на Туркије за прв пат се оди на втор круг од изборите. Колку мирно се чувствувате моментално?“, Ердоган одговори:

„Верувам дека на изборите кои ќе се одржат наредната недела, мојот народ ќе ја покаже силата на турската демократија. (Во првиот круг) Имавме излезност која достигна до 90 отсто. Оваа стапка на излезност е многу важна. Тоа е невидена излезност во светски рамки. Се надевам дека и на овие избори мојот народ нема да нè изневери.“

На потсетувањето од новинарката за осудата на Ердоган откако „американскиот претседател Џо Бајден за време на изборната кампања го опиша него како автократ“, турскиот претседател одговори:

„Зар може еден човек кој оди во втор круг, а не во прв, да биде диктатор? Сега вистината е ова. Народната алијанса со 322 пратеници ќе влезе во Парламентот, и човекот кој се наоѓа на нејзино чело ќе оди во втор круг. Каква диктатура е тоа?“, рече Ердоган.

Запрашан „Ако повторно бидете избрани, дали ќе соработувате со администрацијата на Бајден?“, Ердоган одговори: „Нема сомнение во тоа. Јас ќе работам и со господин Бајден, ќе работам и со кој и да го замени.“

Ердоган беше потсетен и на неговите изјави дека „Западот повеќе следи една политика врз основа на провокација“ и дека не се согласува со ставот на Западот против Русија во врска со украинското прашање, и беше запрашан: „Дали испраќањето голема воена и финансиска помош во Украина е провокација? Дали Западот греши тука?“.

„Моментално Западот не покажа балансиран пристап во оваа насока. Значи, избалансиран пристап кон земја како Русија, би бил многу попрецизен. Како јас што ги развивам моите односи со господин Путин, истото требаше да го направи и Западот. Бидејќи во светот имаме потреба едни од други. Како јас се состанувам со секоја земја од Западот, на тој начин се состанувам и со господин Путин. Исто така, на пример, што се однесува до житниот коридор низ Црното Море, ние ги исполнуваме потребите не само на Западот, туку и на африканските земји. Видете, процесот во врска со житото заклучно со 18 мај го продолживме за уште 2 месеца. Како се случи таа работа? Тоа се случи благодарение на овие посебни односи со господинот Путин“, одговори Ердоган.

Инаку, целото интервју на Ердоган за „Си-ен-ен интернешнал“ ќе се емитува во текот на денот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

ИСТОРИЈАТА НЕ СЕ ЗАБОРАВА ТАКА ЛЕСНО, ВО ВЕЛЕС ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „80 ГОДИНИ ОД ДЕПОРТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ“

Следно

Си-ен-ен: Бајден на самитот Г-7 најавил поддршка од САД за обукa на украинските пилоти за борбените авиони Ф-16 

Latest from Blog

Бомба од Италија: Левандовски и Модриќ заедно во Милан?

Фото: ФЦ Барселона/Твитер Во потрага по засилување на напаѓачката линија, Милан фрли око на Роберт Левандовски и веќе размислува за негов ангажман во претстојниот јануарски преоден рок, пишуваат шпанските медиуми. Договорот на

За многу години: Го славиме светиот великомаченик Димитриј

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 октомври. Светиот великомаченик Димитриј Овој славен и чудотворен светител се роди во градот Солун од благородни и благочестиви родители.

Милионер кој троши богатство за да живее вечно, со предупредување: Избегнувајте го попладневното кафе (ВИДЕО)

Џонсон, чии методи за продолжување на животот досега вклучуваа бизарни практики како што се трансфузија на крв од сопствениот син, овој пат се осврна на научна студија која открива кога е идеално

Турција издаде налог за апсење на Нетанјаху поради геноцидот во Газа

Турското судство денес издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неколку израелски функционери, наводно за злосторства против човештвото и геноцид. Според Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул, налозите за
Go toTop