Анчелоти тренер со најмногу натпревари во Лигата на шампиони

May 18, 2023
1 min read

Италијанскиот фудбалски стратег Карло Анчелоти (63) испиша историја како тренер со најмногу натпревари на кои седеше на клупата во Лигата на шампиони.

Вчерашното реванш полуфинале против Манчестер сити за актуелниот тренер на Реал Мадрид беше дури 191 натпревар во елитното европско клупско натпреварување.

Анчелоти, кој досега го делеше рекордот со Алекс Фергусон, во Лигата на шампиони ги предводеше Милан (на 73 натпревари), Реал Мадрид (50), Челзи (18), Баерн Минхен и Наполи (12), Јувентус и ПСЖ (10) и Парма (6).

На второто место е Алекс Фергусон со 190 натпревари, сите како тренер на Манчестер јунајтед, по што следуваат Арсен Венгер (178 натпревари), Гвардиола (159), Жозе Мурињо (145), Мирчеа Луческу (115), Масимилијано Алегри и Јирген Клоп, обајцата по 100 натпревари.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Британската влада потрошила 200 милиони долари за погребот на кралицата Елизабета Втора

Следно

Изложба на реномираниот македонски ликовен уметник Владимир Георгиевски вечерва во Музеј галеријата во Кавадарци

Latest from Blog

Чиро Имобиле ја заврши фудбалската кариера

Легендарниот италијански репрезенативец, Чиро Имобиле реши да ја заврши својата професионална фудбалска кариера на 36. годишна возраст. Тој неочекувано ја донел оваа одлука непосредно пред стартот на новата сезона, каде што требаше

Агенцијата за управување со одземен имот има речиси 50 милиони евра имот за продажба, за една година вредноста пораснала за 10 милиони

Агенцијата за управување со одземен имот на крајот од 2025 година имала залихи на конфискуван имот вредни околу 48,9 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај. Пресметката на Фактор покажува дека само една година

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф. Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако
Go toTop