Врховниот суд на САД го одби барањето за укинување на забраната за продажба на оружје во Илиноис

May 18, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Врховниот суд на Соединетите Американски Држави (САД) го одби барањето за укинување на државната забрана за продажба на полуавтоматско и автоматско оружје во американската сојузна држава Илиноис, јавува Анадолу.

Откако американската сојузна држава Илиноис во јануари ја забрани продажбата или поседувањето полуавтоматско и автоматско оружје и рамки со голем капацитет, до Врховниот суд се пратени приговори од групите што се залагаат за индивидуално вооружување.

Во оцената на барањата за суспендирање на законот, Врховниот суд на САД одлучи дека законот треба да остане на сила.

Продажбата на одреден број пушки со долга цевка, вклучително и АП-15 и АК-47, беше забранета со државен закон усвоен во јануари.

Законот, исто така, забранува продажба на рамки што содржат повеќе од 15 куршуми за пиштоли и повеќе од 10 куршуми за долгоцевно оружје. Лицата што легално поседувале пиштоли и рамки за муниција што беа забранети пред законот да стапи на сила смеат да го задржат своето оружје под услов да го регистрираат кај органите за спроведување на законот.

Одлуката на Врховниот суд е донесена во време кога вестите за вооружени напади во САД беа интензивни.

Минатата година за време на прославата на 4 Јули, Денот на независноста, во вооружен напад во Илиноис убиени се седум лица, а 39 се повредени. Утврдено е дека 22-годишниот осомничен Роберт Е. Крајмо, кој е уапсен како извршител на нападот, дошол до пушка со долга цевка по легален пат.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија уапсила тројца свои научници што работеле на Кинжал

Следно

Гувернерот на Флорида влегува во трката за претседател на САД

Latest from Blog

Македонската берза со неделен промет од 81,25 милиони денари, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 14–18.09.2026, вкупниот промет изнесуваше 81.254.481 денари: 67.918.931 денари со акции преку редовно тргување, 20.405 денари со

Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва

Пакетот санкции доби двопартиска поддршка во Конгресот и има за цел да го зголеми притисокот врз Русија поради нејзината војна против Украина. Мерки насочени кон рускиот извоз на енергенти. Покрај директните санкции

Дури 31 тон злато ќе го премине океанот- богатството од 4 милијарди долари би можело да заврши во Њујорк

Ова се златните резерви на Венецуела кои се наоѓаат во трезорите на Банката на Англија, а според информациите објавени од SEEbiz, се водат разговори за нивно преместување во Федералната резервна банка на
Go toTop