САД обучуваат украински војници во Германија

January 16, 2023
1 min read

Во тренинг-центарот „Графенвор“ кај Нирнберг американската армија ќе спроведе нова, проширена обука на украински војници. Предвидено е во текот на наредните пет до осум недели на фронтот во Украина да се вратат околу 500 обучени украински војници, изјави денеска началникот на Здружениот генералштаб. на вооружените сили на САД, генерал Марк Мили.

Мили кој денеска е предвидено да го посети центарот за обука, појасни дека војниците пристигнале од Украина пред неколку дена. За нивна обука се обезбедени целосни комплети оружје и опрема, а засега Пентагон одбива да прецизира кога точно ќе започне обуката.

Агенциите објавуваат дека украинските војници ќе научат како подобро да се движат и да се координираат во баталјон, користејќи комбинирано артилерија, оклопни средства и копнени сили.

Во изјавата дадена за новинарите кои патуваат со него во Европа Мили рече дека комплексната обука заедно со нов сет оружје, артилерија, тенкови и други борбени возила што се на пат кон Украина, ќе биде клучна за да и помогне на Украина да ја врати територијата заземена од руските сили.

„Оваа поддршка е многу важна, бидејќи Украина ќе може да се одбрани. Се надеваме дека ќе можеме да го постигнеме тоа заедно за кратко време“, истакна Мили.

Тој додава дека целта е целото ново оружје и опрема што ќе и биде доставено на Украина веднаш да биде употребливо за обучени војници, „некаде пред да почнат пролетните дождови“.

„Тоа би било идеално“, рече Мили.

Обуката покрај теренската работа предвидува и настава во училница и ќе започне со помали тимови, а потоа постепено ќе се зголемува со вклучување поголеми единици.

САД веќе обучија повеќе од 3.100 украински војници да користат и одржуваат одредени видови оружје, вклучително ракување со американските хаубици и ракетните системи „ХИМАРС“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Пронајдена црната кутија од местото на кое се урна авионот во Непал

Следно

„СДС да не молчи, да каже дали бегството од затвор е со дозвола на Ковачевски и Зечевиќ“

Latest from Blog

ВИДЕО: Победничкото ѕвонче се огласи на Детска клиника, малиот Лир ја освои тешката битка

Нова радосна вест од Клиника за детски болести. -Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашиот јунак ЛИР храбро ја помина и ја освои тешката битка. На ЛИР му

Проданоски: Секоја личност во Прилеп заслужува еднакви можности и достоинство

Општина Прилеп е избрана за „Најуспешна општина во спроведување на инклузијата“ за 2025 година, признание кое ја потврдува континуираната работа и посветеноста на локалната самоуправа кон создавање инклузивно општество. На Меѓународниот ден

Јанев на средба со австрискиот колега: Конкретни случаи од взаемен интерес дел од темите на разговор

Зајакнување на партнерството меѓу безбедносните служби на Македонија и Австрија е целта на дводневната посета на директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев на австриската полиција во Виена. Во рамки на

Изет Меџити: Продолжуваме со модернизација на сите улици во Чаир

Рушањето на пречки во сообраќајот и подобрувањето на инфраструктурата продолжува во општина Чаир. Завршена е улицата број 3 на булеварот „Мидхат Фрашери“ во населбата Тенеке Маало, со поставување на финална асфалтна слој.
Go toTop