(ФОТО+ВИДЕО) Силно невреме ја зафати Србија, поплавени се улиците низ градовите

May 17, 2023
1 min read

Овој бран попладне ќе се движи кон северозапад и во следните два часа може да донесе врнежи со грмежи во југозападните и јужните предградија на Белград, предупредиле метеоролозите

Силно невреме го зафати подрачјето на Војводина. Невреме пропратено со град, грмежи и ветер по 17 часот ги зафати Зрењанин и Нови Сад.

Поради обилните врнежи, улиците во Зрењанин се под вода и дождот не престанува да паѓа. Патиштата се под вода, а семафорите не работат на повеќе места во Зрењанин. Во Нови Сад врне околу еден час. Патиштата под надвозникот се исполнети со вода и сообраќајот се одвива отежнато, јавува „Данас.рс“.

Фото: „Данас.рс“

Бројни улици во градот биле поплавени по само неколку минути врнежи.

„Во вечерните часови на запад од Србија, во Срем, делови од Бачка, северен и централен Банат, локална појава на силни грмежи со голема количина на врнежи, на места дури и град, а во зоната на пороен дожд краткотрајно се очкува и силен ветар“,

се наведува во предупредувањето на Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ).

Силно невреме го зафатило и Крагуевац.

Како што соопштиле од РХМЗ, посилен дожд со грмежи се очкува да има во областа на Краљево, но и Топола, Бачка Паланка, Крагуевац и Аранѓеловац.

Овој бран попладне ќе се движи кон северозапад и во следните два часа може да донесе врнежи со грмежи во југозападните и во јужните предградија на Белград, предупредиле метеоролозите.

Според нив, за оваа нестабилност е одговорно влијанието на циклоните од централниот Медитеран.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина: Не се согласуваме со губење на територија

Следно

Прешова: Со одлуката за платите на функционерите, Уставниот суд ја замени волјата на законодавецот со сопствената

Latest from Blog

Хоџа најави трајни решенија: 85 милиони денари за инфраструктура во Ласкарце

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска присуствуваше на почетокот на изградбата на водоводната мрежа и атмосферската канализација за жителите на селото Ласкарце во општина Сарај. „Правиме пресврт во

Прв пат е објавена снимка на борба меѓу украински робот и руски војник (Вознемирувачко видео)

Видеото се припишува на 411-та чета за специјални беспилотни системи „Јастреби“. Не е познато точно каде или кога се случила борбата,објави Б92. Видеото, објавено на социјалната мрежа X, прикажува возило кое се

Николоски: Со ЕК водиме интензивни разговори, решение за македонските превозници ќе има

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во интервју за “Топ Тема” на ТВ Телма, истакна дека проблемот со македонските превозници поврзан со воведувањето на новиот ЕЕС систем е

Венко Филипче не треба да се однесува како „Енвер Хоџа“ со диктатура! Должен што поскоро да ја консолидира својата партија

Скопје, 20 февруари – Ситуацијата во најголемата македонска опозициска партија, Социјалдемократската партија (СДСМ), се чини дека е далеку од мирна. Иако оваа партија одржа Конгрес и го реизбра Венко Филипче за свој
Go toTop