Барселона по рекорден 14. пат го освои шпанскиот Суперкуп

January 16, 2023
1 min read

Барселона синоќа ви Ријад во финалето на шпанскиот Суперкуп го совлада Реал Мадрид со 3:1. Каталонците остануваат клуб со најмногу победи во натпреварувањето- вкупно 14.

Тренерот на Барселона, Чави ги пофали своите фудбалери за прикажаната игра.

– Многу сум задоволен од играчите. Тие работат напорно, имаме одлична атмосфера во соблекувалната. Кога играте против Реал Мадрид, треба да ги контролирате и да ги минимизирате загубите. Натпреварот ни помина многу добро, тоа го почувствуваа играчите. Гави, Педри, Френки де Јонг… Баравме доминација во натпреварот. Дембеле отвори широко по крилото. Ќе го забележам Роналд Араухо. Среќни сме за сите нив. Ако игравме вака против Реал Мадрид во финалето, тогаш овој фудбал мора да го повториме и во домашното првенство. Не можете да се опуштите. Ова е моја задача, изјави тренерот на Барселона.

Реал остана на 12 трофеи во ова натпреварување 12 пати, а Анчелоти загуби финале за прв пат по 2010 година.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Скопје утрово е 11-ти најзагаден град во светот

Следно

(ФОТО) Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, ја започна работната посета на Украина

Latest from Blog

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the
Go toTop