(ВИДЕО) Тројца загинати и повеќе од 5 000 евакуирани во поплавите на северот на Италија

May 17, 2023
2 mins read

Градоначалникот на Чезена, Енцо Лутака, на Фејсбук објави предупредување дека силниот дожд што континуирано паѓа во регионот Емилија-Ромања може да предизвика повторно излевање на реката Савио и помалите притоки. Тој ги повика жителите да се преселат на горните катови од своите домови и да ги избегнуваат бреговите на реките, а најави и затворање на некои мостови и улици за сообраќај по големите поплави предизвикани од одроните од кал кои го преплавија градот

Заменик-шефицата на агенцијата за цивилна заштита Тити Постиљоне рече дека неколку луѓе се водат за исчезнати, но не може да ја каже точната бројка. Државната телевизија РАИ и другите медиуми соопштија дека станува збор за најмалку четири лица, едно во Чезена и три во блискиот Форли

Три лица загинаа, а повеќе од 5 000 се евакуирани во поплавите што ја зафатија Италија, соопштија властите на земјата, пренесуваат светските агенции.

Припадници на италијанскиот Црвен крст евакуираат жители на градот Чезена, еден од најпогодени во поплавите поради излевањето на реката Савио/Фото: EPA-EFE/MAX CAVALLARI

Властите на северот од земјата денеска издадоа предупредување до населението да се релоцира на повисоки места поради стравувањата дека реките, кои се надојдени од обилните врнежи, можат да да ги урнат заштитните насипи.

Градоначалникот на Чезена, Енцо Лутака, на Фејсбук објави предупредување дека силниот дожд што континуирано паѓа во регионот Емилија-Ромања може да предизвика повторно излевање на реката Савио и помалите притоки.

Тој ги повика жителите да се преселат на горните катови од своите домови и да ги избегнуваат бреговите на реките, а најави и затворање на некои мостови и улици за сообраќај по големите поплави предизвикани од одроните од кал кои го преплавија градот.

„Ситуацијата би можела повторно да стане критична… Воопшто не можеме да се опуштиме“,

изјави Лутака.

Италијанскиот министер за цивилна заштита Нело Мусемечи потврди дека три лица ги загубиле животите во поплавите и дека околу 5 000 луѓе се евакуирани.

Во видеоснимка објавена од „Гардијан“ се слуша како жители на подрачје погодено од поплавите повикуваат за помош откако водата почнала да ги поплавува катовите од нивните домови.

Заменик-шефицата на агенцијата за цивилна заштита Тити Постиљоне рече дека операциите за спасување на оние на кои им е потребна итна евакуација биле особено тешки со оглед на тоа што многу патишта и патни делови се поплавени. Говорејќи на Скај ТГ24 (Sky TG24), таа истакна дека погодената област од поплави опфаќа широк опсег од четири провинции кои, до обилните дождови, биле исушени од долготрајна суша, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа повикувајќи се на извештаите на новинските агенции Ројтерс и Асошиејтед прес.

Таа рече и дека неколку луѓе се водат за исчезнати, но не може да ја каже точната бројка.

Државната телевизија РАИ и другите медиуми соопштија дека најмалку четири лица се водат како исчезнати, едно во Чезена и три во блискиот Форли.

Неколку реки се излеаја од коритата во Ромања, источниот дел од регионот свртен кон Јадранското Море, принудувајќи ги луѓето во градовите како Чезена да се качат на покривите на зградите каде што пожарникарите ги спасуваа со хеликоптери или гумени чамци.

Премиерката Џорџа Мелони рече дека владата ја следи ситуацијата и е подготвена да интервенира со потребната помош.

Во Италија се бележи пораст на временските непогоди. Обилните врнежи во Емилија-Ромања уследија по неколкунеделна суша која ја исуши земјата и ја намали апсорпцијата на вода и ја зголеми опасноста од поплави.

Со поплави предизвикани од обилни врнежи од дожд деновиве се соочуваат и Хрватска и Босна и Херцеговина.

Според последните информации, состојба на природна катастрофа е прогласена во Бихаќ, Босанска Крупа, Велика Кладуша, Сански Мост и Чазин во Унско-санскиот кантон на западот на Босна и Херцеговина (БиХ).

Во тек е седницата на Владата на Унско-санскиот кантон, на која се разгледува прогласување на вонредна состојба на подрачјето на Кантонот.

Градоначалникот на Босанска Крупа претходно за Радио Слободна Европа (РСЕ) изјави дека во тој град се поплавени повеќе од 200 станбени згради по излевањето на реките Уна и Крушница.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина: Пет лица загинаа во несреќа на пловечки мост

Следно

Снајдер и Матераци навиваа со ултрасите на Интер (ВИДЕО)

Latest from Blog

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на

ВЛЕН: ДУИ ја блокираше еднаквоста во високото образование

Скопје – Потпишувањето на колективните договори со албанските универзитети потврди дека проблемите со кои тие се соочувале со години не биле резултат на законски или институционални пречки, туку на политичкиот пристап на

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската
Go toTop