Радев на средба со Вархеји: Очекуваме ЕУ да реагира кога се засегнати правата на граѓаните на РСМ со бугарска самосвест

May 16, 2023
1 min read

Бугарија високо ја цени реакцијата на европските институции и острата осуда за одбивањето на Северна Македонија на 6 мај да го прими европратеникот Андреј Ковачев на своја територија, истакнал Радев и додал: „Очекуваме такви реакции, не само кога правата на членките на ЕП се засегнати, но и на обичните европски граѓани, на граѓаните на РСМ со бугарска самосвест“

Само преку почитување на човековите права и принципите на добрососедство Република Северна Македонија може да напредува во процесот на европска интеграција, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев на средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, која се одржала во Софија.

На почетокот на средбата Радев, како што јавува 24часа.бг истакнал дека Бугарија високо ја цени активната работа и рационалниот пристап на Европската комисија и лично на комесарот за проширување и соседство за забрзување на процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан, што е особено важно за гарантирање на стабилноста и безбедноста на Европа.

Тој потсетил дека токму како резултат на неговите плодни средби со комесарот Вархеји и активната заедничка работа е развиена преговарачката рамка која го отвори патот за Република Северна Македонија кон Европската Унија, а во исто време ја гарантира заштитата на правата на Бугарите во земјата и на бугарското културно-историско наследство. Во врска со ова, Радев изразил загриженост поради недостигот на напредок за најважното прашање, кое е и задолжителен услов за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ – промена на Уставот на РСМ и вклучување на Бугарите како составен дел на народите што градат нации.

„Сведоци сме на зголемена системска дискриминација, полициско, административно и судско самоволие кон бугарските здруженија, зголемени злосторства од омраза врз Бугарите и луѓето со бугарски идентитет во Република Северна Македонија“,

нагласил Румен Радев.

Тој на средбата со Вархеји ги потенцирал, како што рекол, систематските притисоци врз бугарските клубови во РСМ во последните месеци, како и донесувањето закон со ретроактивно дејство за фондациите и граѓанските здруженија, врз основа на кој биле затворени само два бугарски клуба од 17 000 невладини организации во земјава.

Бугарија високо ја цени реакцијата на европските институции и острата осуда за одбивањето на Северна Македонија на 6 мај да го прими европратеникот Андреј Ковачев на своја територија, истакнал Радев и додал:

„Очекуваме такви реакции, не само кога правата на членките на ЕП се засегнати, но и на обичните европски граѓани, на граѓаните на РСМ со бугарска самосвест“.

Комесарот Вархеји го изразил разбирањето на Европската комисија за важноста на отворените прашања меѓу Бугарија и РСМ и посочил дека забрзувањето на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан може да се постигне само доколку е прифатливо за сите земји. Комесарот Вархеји, исто така, изјавил дека критериумите од Копенхаген се јасно наведени и недвосмислени и ЕК ќе продолжи да ја следи нивната имплементација, пренесува 24часа.бг.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Дивоградбата на државна парцела на Пластичарска стигна до владина седница, но и понатаму никој не ја чепка

Следно

„И да игра со седуммина Интер нема да испадне од Милан“

Latest from Blog

Авторот на „Кол оф дјути“, Винс Зампела загина во сообраќајка

Несреќата се случи на автопатот Анџелес Крест во Јужна Калифорнија (САД), откако Зампела ја изгубил контролата врз своето „Ферари“, пишува „Ен-би-си Лос Анџелес“ (NBC Los Angeles). Според извештајот на Калифорниската полиција несреќата

Transmission – Концерт со Васил Хаџиманов и Александар Петров

Transmission е музички концепт во кој тапанот ги спојува традицијата и денешницата, акустичната и електронската музика.  20 години од музичката симбиоза и пријателство (по Кавадаречка линија), Александар Петров заедно со Васил Хадџиманов

Амазон блокира илјадници пријави за работа сомневајќи се дека апликантите се севернокорејски агенти

Главниот директор за безбедност на Амазон, Стивен Шмит изјави дека државјани на Северна Кореја се обиделе да аплицираат за ИТ работни места од далечина користејќи се со украдени или лажни идентитети. –

Ханси Флик и Левандовски на средба!

Раководството на Барселона влегува во деликатна, но важна фаза на планирање за иднината, а една од најчувствителните теми се однесува на судбината на една од најискусните личности во клубот. Според информациите од

Ханси Флик и Левандовски на средба!

Раководството на Барселона влегува во деликатна, но важна фаза на планирање за иднината, а една од најчувствителните теми се однесува на судбината на една од најискусните личности во клубот. Според информациите од
Go toTop