Лидерите на Г7 на самит во Јапонија, ќе се разговара за односите со Кина

May 16, 2023
2 mins read

За време на неговата посета на Јапонија, Бајден ќе покаже дека Вашингтон ја поддржува Украина и дека е поангажиран од кога било во Индопацифичкиот регион, изјавил претставникот за Ројтерс, кој сакал да остане анонимен

Лидерите на Г7 на самитот кој оваа недела се одржува во Јапонија, а на кој доаѓа и американскиот претседател Џо Бајден, ќе покажат уникатен однос кон Кина заснован на заеднички вредности, признавајќи, сепак, дека секоја од овие земји сама си ги одредува своите односи со Пекинг, изјавил висок американски функционер.

За време на неговата посета на Јапонија, Бајден ќе покаже дека Вашингтон ја поддржува Украина и дека е поангажиран од кога било во Индопацифичкиот регион, изјавил претставникот за Ројтерс, кој сакал да остане анонимен. По тридневниот самит што започнува во петок, Бајден ќе оствари кратка посета на Папуа Нова Гвинеја, а потоа ќе отпатува за Австралија на состанок на групата позната како Квад (Австралија, Индија, Јапонија и САД).

На прашањето дали лидерите на Групата седум богати земји – Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД – ќе покажат единствен став кон Кина, втората по големина економија во светот и главниот ривал на САД за глобалната надмоќ, официјалниот претставник одговорил:

„Иако Г7 работи со консензус, домаќините имаат голема улога во поставувањето на агендата, а Јапонците се многу, многу загрижени за важните економски безбедносни прашања, вклучително и во односите со Кина. Мислам дека можете да очекувате лидерите на Г7 јасно да кажат дека се обединети во пристап заснован на заеднички вредности. Во исто време, секоја земја од Г7 ќе го одреди сопствениот однос со Кина, но сите ние стоиме зад принципите кои ќе ги водат сите наши односи“.

Официјалниот претставник додал дека САД се „многу оптимисти“, иако тоа е „едно од покомплексните прашања“ за Г7 во Хирошима.

Лидерите на Г7 ја критикуваа Кина по прашањето на човековите права

Разликите меѓу земјите за тоа како да се позиционираат кон Кина се појавија по посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Пекинг минатиот месец. Тој ја повика Европската Унија да ја намали зависноста од САД и предупреди дека ЕУ нема да се вклучи во кризата околу Тајван, која е водена од „американскиот ритам и кинеската претерана реакција“.

Пред две години во Британија, лидерите на Г7 ја критикуваа Кина по прашањето на човековите права. Американски официјален претставник рече дека Г7 ќе се фокусира на потребата да се поддржат земјите во развој погодени од неодамнешните проблеми, вклучително долгови и климатски промени, а лидерите ќе се согласат дека е потребна силна акција за да се забрза транзицијата кон чиста енергија.

Ограничување на извозот на технологија

На прашањето дали може да се очекува договор на Г7 за ограничување на извозот на полупроводничка технологија во Кина и дали постои консензус по ова прашање, службеникот одговорил:

„Постои консензус за потребата од безбедноста на технологијата. Не сакам да шпекулирам каков ќе биде договорот, но мислам дека меѓу земјите кои се најголеми играчи во полето на полупроводниците, постои многу широк договор и значителен степен на консензус. Мислам дека можете да очекувате општ договор за принципите кои ќе ги дефинираат односите со Кина“.

Официјалниот претставник рекол дека очекува трилатерален самит на маргините на Г7 меѓу Бајден и лидерите на Јапонија и Јужна Кореја, кој ќе ја покрие економската безбедност, проширувањето на воените вежби и заедничката загриженост за Северна Кореја.

Состанокот на Квад на 24 мај најверојатно ќе донесе нови чекори во безбедноста и дигиталното поврзување, технолошките инвестиции, изградбата на инфраструктурата, климата и чистата енергија, додаде тој.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Дивоградбата на Пластичарска на владина седница – ќе запре ли подигрувањето со владеењето на правото?

Следно

Арсенал е подготвен да потроши над 200 милиони фунти во летниот преоден рок

Latest from Blog

Скандал уште на стартот во Серија А: Дали судијата му помогна на Наполи да победи?!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/SSCNapoli/ Првото коло од италијанската Серија А започна со тензии и скандали откако директорот на Џенова, Диего Лопез, остро го критикуваше судењето за време на поразот на неговиот тим од Наполи со

ТРАМП ДОБИ „НЕ“ ОД КАНАДА: Пропаднаа трговските преговори, Карни се повлече од масата

Трговските преговори меѓу САД и Канада пропаднаа, откако канадскиот премиер Марк Карни се повлече од разговорите поради, како што наведе, постојаното проширување на американските барања. Пропаѓањето на преговорите претставува нова неизвесност во

Утре без вода дел од Ѓорче Петров

Утре од 08:00 часот вода нема да имаат корисниците од улицата „1409“ и индустрискиот дел во општина Ѓорче Петров. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради изведување водоводен приклучок

Трансфери: Баерн преговара со Кејн, Ѓокереш би можел во Барса, Ришарлисон си оди а Гакпо доаѓа во Тотенхем

ФОТО: FC Bayern München/FB И покрај понудите, веќе е јасно дека Хари Кејн нема намера, барем засега, да си оди од Баерн Минхен. Од таборот на “баварците“ велат дека наредните денови ќе

Табановце повторно без поголеми задржувања: Странските возачи казните можат да ги платат преку апликација

Сообраќајот на Граничниот премин „Табановце“ денеска се одвива нормално и без поголеми задржувања, информира Министерството за внатрешни работи. Во изминатиот период на преминот беа регистрирани зголемени задржувања поради постапувањето со возила со
Go toTop