ССМ контра Бесими: Неразумна е изјавата дека ако сега се зголемат платите во јавниот сектор тоа ќе влијае на инфлацијата

May 15, 2023
1 min read

Работниците масовно да се придружат на активностите на синдикатите во наредниот период, зошто само заедно можеме да се избориме за нашите работнички права, повикуваат од Сојузот на синдикати

Неразумна е изјавата на министерот дека ако сега се зголемат платите на работниците сега ќе има импликации на инфлацијата, велат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) откако денеска министерот за финансии Фатмир Бесими излезе со изјава дека зголемување на платите во јавниот сектор бидејќи ќе има импликации на инфлацијата и препорача тоа да се направи следната 2024 година.

„Оценката на министерот дека дијалогот во Економско-социјалниот совет (ЕСС) за зголемување на платите ќе потрае и дека побрзо ќе се утврди методологијата за плати во јавен сектор ( онаа против која се сите синдикати) со која ќе се стави ред во платите во јавниот сектор, ќе остане само негова пуста желба. До кога Владата ќе глуми социјален дијалог, до кога владините претставници ќе зборуваат едно на ЕСС, а друго по медиумите и дали некогаш ќе се засрамат за тоа што си ги зголемија платите за 78 отсто во најголемата инфлација, а со ништо не заслужија такво зголемување. Дали имаат барем трошка совест кога говорат дека ако се зголемат платите на работниците ќе се покачи инфлацијата додека над 1 100 функционери си ги полнат џебовите“,

реагираат од ССМ.

Нема друга држава во Европа и во светот, додаваат од Сојузот на синдикати, во која функционерите си ги зголемиле нивните плати за 78 отсто, а единствено зголемување за работниците е само работното време и тоа за 78 отсто.

„Работниците масовно да се придружат на активностите на синдикатите во наредниот период, зошто само заедно можеме да се избориме за нашите работнички права!“,

повикуваат од ССМ.

Бесими денеска изјавите на кои реагираат синдикатите, ги даде на средба со новинарите каде зборуваше и за зголемените плати на функционерите што се случи со укинување на одредба која се однесува на пресметување на коефициентите на платите. Добро е, рече тој, што Уставен го укина, а не го поништи спорниот член.

„Добро е што Уставниот суд го укина спорниот член од 2012 година за коефициентите на платите наместо да го поништи. Ако го поништеше, на функционерите ќе требаше да им се исплати застанат долг за речиси 11 години со затезни камати“,

рече денеска Бесими.

Тој на средбата сподели и дека неговата плата од 71 145 денари сега е зголемена на 125 960 денари.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Павилјон на Република Македонија: 18. Интернационална архитектонска изложба – La Biennale di Venezia

Следно

Пиоли: Никој не верува дека Милан може да се пласира во финалето, но…

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop