Тројца убиени во Ново Мексико, полицијата го застрела напаѓачот

May 15, 2023
1 min read

Гувернерката од Ново Мексико оцени дека инцидентот не е закана за јавната безбедност

Принтскрин / „Индипендент“

Најмалку три лица се убиени во пукање во градот Фармингтон во сојузната американска држава Ново Мексико.

Двајца полицајци се ранети за време на престрелката со напаѓачот и се пренесени во болница, соопштија од полициската управа во овој американски град.

Загина и напаѓачот кој беше застрелан од полицијата.

Идентитетот и возраста на жртвите, како и на напаѓачот се уште не се потврдени од властите. Она што го објави полицијата, покрај информацијата за пукањето, е замолница до населението да ја избегнува областа на авенијата Дастин додека траат истражните дејствија.

Поради пукањето, на два часа беа заклучени и училиштата во Фармингтон.

Гувернерката од Ново Мексико, Мишел Лујан Гришам во изјава за медиумите оцени дека инцидентот не претставува закана за јавната безбедност и порача дека дала насоки институциите на оваа сојузна држава да ѝ помогнат на локалната полиција со цел да се спроведе темелна истрага.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новата рунда преговори меѓу Белград и Приштина без конкретен напредок

Следно

Павилјон на Република Македонија: 18. Интернационална архитектонска изложба – La Biennale di Venezia

Latest from Blog

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од

Рустемовски блеска на ЕП, има загарантиран медал од континеталниот собир

Македонскиот боксер Ален Рустемовски се пласираше во полуфиналето на Европскоот сениорско првенство во Софија. Нашиот преставник во денешната четвртфинална пресметка беше убедлив и со 4:1 го совлада ерменскиот боксер Артур Бажејан. Со

Бугарија не дозволи влез на над два тона македонско кисело млеко

Бугарските инспекциски служби спречиле влез на пратка од над два тона кисело млеко од Македонија, откако при контролата биле утврдени несовпаѓања меѓу придружната документација и ознаките на производите. Пратката била запрена на
Go toTop