Новата рунда преговори меѓу Белград и Приштина без конкретен напредок

May 15, 2023
1 min read

Преговарачот од Србија рече дека нема напредок и ја обвини другата страна за неуспехот. Претставникот на Косово, пак, рече дека денеска разговарале само за она во која насока се движи дијалогот и за имплементација на договорот

Лајчак по средбата на Твитер објави фотографии и информација за дијалогот

Денешната нова рунда преговори помеѓу Белград и Приштина, заврши без конкретни резултати. Средбата се одржа во Брисел, а на неа присуствуваа главните преговарачи на двете страни – Петар Петковиќ (Србија) и Бесник Бислими (Косово, како и специјалниот претставник за ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

„Ги угостив главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бислими на уште една рунда од дијалогот во Брисел. Разговаравме за понатамошна имплементација на договорот од 27 февруари, а имавме за цел да ги разјасните отворените прашања. Разговорите ќе продолжат“,

напиша Лајчак на Твитер.

Српскиот преговарач, директор на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Петар Петковиќ, изјави дека на средбата немало напредок, вклучувајќи го и прашањето за формирање Заедница на српски општини (ЗСО) во Косово.

Тој го обвини косовскиот преговарач дека одбил да разговара за клучните прашања оценувајќи го неговото однесување како скандалозно. Петковиќ посочи и оти кога дал предлог за решение за регистарските таблици, претставникот на Приштина не сакал да разговара за тоа.

Бислими, пак, по средбата изјави дека само разговарале за насоката во која се движи дијалогот и за сето она што се однесува на примена на договорот.

Ова беше прва средба на главните преговарачи по состанокот на високо ниво помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти одржан на 2 мај во Брисел.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лапорта: Сакаме да го вратиме Меси

Следно

Тројца убиени во Ново Мексико, полицијата го застрела напаѓачот

Latest from Blog

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја

Интер со шампионска лекција за Лацио

И покрај фактот што тимот на Интер ја освои шампионската титула сезонава во Серија А, тоа не значи дека овој тим нема потреба повеќе да победува. Напротив, предмалку на гостувањето во Рим
Go toTop