Ердоган со рано водство, но се очекува разликата да се намалува

May 14, 2023
1 min read

Од 9,1% од одработените гласачки ливчиња, актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган добил 59,47% од гласовите, додека пак неговиот главен опонент Кемал Киличдароглу има 34,79%, јавува Ројтерс. Според агенцијата, разликата се очекува да се намали со пребројувањето на гласовите. Првичните резултати се очекувало да бидат во корист на Ердоган, бидејќи првите гласови кои се бројат обично доаѓаат од конзервативните и рурални делови на Турција кои стандардно гласаат за партијата на Ердоган.

Четири извори од турската опозиција изјавија дека според нивните информации лидерот на опозицијата Киличдароглу води со мала разлика.

Инаку, претходно претседателот на Врховната изборна комисија на Турција (ЈСК) Ахмет Јенер изјави дека изборниот процес е завршен и оти досега не е забележана негативна ситуација, пренесува агенцијата Анадолија.

„Изборниот процес за претседателските и парламентарните избори е завршен. Не евидентиравме никаква негативна ситуација“,

изјави Јенер.

Сепак, тој истакна дека во текот на изборниот процес еден набљудувач и двајца граѓани починале како последица на инфаркт и изрази сочувство до семејствата на починатите. Јенер изрази благодарност до сите политички партии кои придонесоа за изборите, набљудувачите, претставниците на медиумите и сите други кои придонесоа за изборниот процес.

За некој од кандидатите денеска да обезбеди целосна победа, ќе му требаат повеќе од 50 отсто од гласовите. Меѓутоа, доколку ниту еден од четворицата кандидати за претседател на Турција не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, вториот круг од изборите ќе се одржи на 28 мај. Денешните избори се одржуваат во исклучително тешко време за земјата, кога растечката инфлација достигна 44 отсто, иако многумина мислат дека е и повисока, а дури 11 провинции се справуваат со последиците од најуништувачкиот земјотрес во овој век.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гласањето во Турција заврши без посериозни проблеми

Следно

По обработени половина од вкупниот број гласови, Ердоган води за 10 отсто пред неговиот опонент Киличдароглу

Latest from Blog

Ветер во грбот на Путин, ЕДИНСТВЕНА РУСИЈА освои 349 мандати

Централната изборна комисија (ЦИК) на Русија ги соопшти конечните резултати од изборите за Државната дума од деветтиот сазив, на кои гласале повеќе од 59,8 отсто од избирачите, односно 67.448.094 граѓани, јавуваат руските

Коњановски во „Cosmic Development“: Битола има млади луѓе кои успешно градат кариера во ИТ секторот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја посети компанијата „Cosmic Development“, каде што оствари средба со раководниот тим и дел од вработените. Коњановски по посетата истакна дека бил пријатно изненаден од посветеноста на
Go toTop