Гласањето во Турција заврши без посериозни проблеми

May 14, 2023
1 min read

Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција (ЈСК) Ахмет Јенер изјави дека изборниот процес е завршен и оти досега не е забележана негативна ситуација, пренесува агенцијата Анадолија.

„Изборниот процес за претседателските и парламентарните избори е завршен. Не евидентиравме никаква негативна ситуација“,

изјави Јенер.

Сепак, тој истакна дека во текот на изборниот процес еден набљудувач и двајца граѓани починале како последица на инфаркт и изрази сочувство до семејствата на починатите. Јенер изрази благодарност до сите политички партии кои придонесоа за изборите, набљудувачите, претставниците на медиумите и сите други кои придонесоа за изборниот процес.

Инаку, главната партија ривал на актуелниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган очекува рекордна излезност на парламентарните и претседателски избори во земјата, според Чанан Кафтанџиоглу од партијата ЦХП, пренесе ДПА. Според анкетите, се очекува тесна трка меѓу Ердоган и претседателскиот кандидат на ЦХП, Кемал Киличдароглу.

За некој од кандидатите денеска да обезбеди целосна победа, ќе му требаат повеќе од 50 отсто од гласовите. Меѓутоа, доколку ниту еден од четворицата кандидати за претседател на Турција не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, вториот круг од изборите ќе се одржи на 28 мај.

Денешните избори се одржуваат во исклучително тешко време за земјата, кога растечката инфлација достигна 44 отсто, иако многумина мислат дека е и повисока, а дури 11 провинции се справуваат со последиците од најуништувачкиот земјотрес во овој век.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕУ го поздрави прекинот на огнот во Газа

Следно

Ердоган со рано водство, но се очекува разликата да се намалува

Latest from Blog

Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба

Месната заедница Галичник и Пивара Скопје денеска на прес-конференција ќе ги претстават младенците за годинашната Галичка свадба и ќе ја соопштат програмата на манифестацијата.  Покрај невестата и зетот, кои ќе бидат облечени

ДУИ: Изгубени 40 милиони евра – неуспех на европската агенда на сите фронтови

Во сенка на големиот дебакл во Европскиот парламент, речиси незабележано поминува веста дека државата изгубила речиси 40 милиони евра од Планот за раст на Европската Унија.Овие средства не беа симболични.Тие беа наменети
Go toTop