Избори во Туркије: Во Анкара гласаше Синан Оган, кандидат на Татковинската алијансa

May 14, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Синан Оган, кандидат на Татковинската алијанса за претседател на Туркије, денес гласаше во Анкара, јавува Анадолу.

Придружуван од сопругата Ѓокчен и децата Ѓоктурк и Зејнеп, тој пристигна во областа Чанкаја во Анкара, каде што ја изврши својата граѓанска должност.

Тој уште еднаш ги повика граѓаните да излезат на гласање и да гласаат.

„Поминете ги овие избори во празнично расположение, во мир, со среќа“, рече Оган.

Граѓаните на Туркије денес гласаат на претседателските и парламентарните избори, избирајќи меѓу тројца претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за Парламентот, кој има вкупно 600 пратенички места.

Право на глас на изборите имаат 64,11 милиони луѓе, а првпат ќе може да гласаат повеќе од 4,9 милиони турски граѓани.

Актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, Кемал Киличдароглу и Синан Оган се кандидати за претседател на Туркије. Четвртиот кандидат Мухарем Инџе претходно ја повлече својата кандидатура.

Актуелниот претседател Ердоган е кандидат на Народната алијанса предводена од Партијата за правда и развој (АК Партија), на чие чело е тој. Киличдароглу е кандидат на опозициската Национална алијанса, предводена од Републиканската народна партија (ЏХП).

Оган е кандидат на Татковинска алијанса, додека Мухарем Инџе беше кандидат на неговата Партија Родина, пред да ја повлече својата кандидатура во четвртокот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владината коалиција е стабилна и има 65 пратеници, вели Ковачевски

Следно

Туркије: Ердоган и сопругата Емине го честитаа Денот на мајките

Latest from Blog

Аргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000

Јужноамериканската земја ја започнува првата програма за државјанство преку инвестиција во Јужна Америка, која ќе им овозможи на богатите странци да добијат аргентинско државјанство преку директен финансиски придонес во државата или купување

Казна со бодови не е доволна: Премиерлигашите бараат исфрлање на Манчестер сити?!

Ривалите на Манчестер Сити сметаат дека обично одземање бодови не би било доволна казна за прекршоците за кои клубот беше прогласен за виновен. Независна комисија го прогласи Сити за виновен за сериозни

Се урна воен авион со 32 патника во Нигерија- пронајдени се делови на тела (ВИДЕО)

Воен авион со 25 патници и седум членови на екипажот се урна во јужна Нигерија, што предизвика масовна операција за пребарување и спасување, соопштија властите, според Independent.co.uk. Министерот за воздухопловство на Нигерија,
Go toTop