Цените на нафтата скокнаа за повеќе од 8 отсто минатата недела

January 16, 2023
1 min read

Цените беа поддржани од остриот пад на вредноста на доларот во однос на кошницата со валути

На светските пазари, цените на нафтата скокнаа за повеќе од 8 отсто минатата недела, бидејќи трговците очекуваат посилна кинеска побарувачка и бидејќи вредноста на доларот во однос на кошницата валути нагло падна. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела скокна за 8,6 отсто, на 85,28 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 8,4 отсто, на 79,86 долари.

Така, цените на „црното злато“ ги надоместија сите загуби од претходната недела. И додека стравувањата од забавување на економскиот раст на западните земји вршат притисок врз цените, тие се поддржани од вестите за посилна побарувачка во Кина.

Се повеќе Кинези патуваат, по укинувањето на строгите пандемични ограничувања, па патниот сообраќај се опоравува.

„Трговците ги следат показателите за мобилност во Кина и овие показатели растат, што го поддржува закрепнувањето на побарувачката, а со тоа и на цените на нафтата“,

објаснува Џовани Стауново, аналитичар во УБС Банк.

Цените беа поддржани од остриот пад на вредноста на доларот во однос на кошницата со валути.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костадиновска-Стојчевска од Давос: Ќе се зајакнува соработката во културата со Грција

Следно

Еве со која јачина беше почувствуван земјотресот од Албанија во Македонија

Latest from Blog

Меџити: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста мора да се гледа во животот на граѓаните

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска истакна дека 25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, одговорноста е да се зачуваат стекнатите права, да се институционализираат и

МВР: Не е точно дека на 700 Филипинки им е дадено македонско државјанство

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите дека 700 државјанки на Филипините, кои се наоѓаат во Австралија, добиле македонско државјанство и македонски пасоши. „Станува збор за целосно неточни и непроверени информации. Министерството

Николоски: Нови авиолинии и инвестиции се можност за забрзан развој на туризмот

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари средба со претставници на „Корендон“, една од најголемите туристички групации во Европа, на која било разговарано за можностите за нови инвестиции, развој
Go toTop