Владината коалиција е стабилна и има 65 пратеници, вели Ковачевски

May 14, 2023
1 min read

Нормално е дека во рамки на коалицијата има политички партии со одредени ставови кои идеолошки или операционално се разликуваат од другите политички партии, но на главните политички правци на владината коалиција сите имаат исто гледање и работат на остварување на истата цел, рече Ковачевски

Владината коалиција е стабилна и има 65 пратеници, рече лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски пред почетокот на првата од серијалот тематски трибини на СДСМ „Разултати што прават разлика“ на тема „Енергетска безбедност и зелена транзиција“.

Според Ковачевски нормално е дека во рамки на коалицијата има политички партии со одредени ставови кои идеолошки или операционално се разликуваат од другите политички партии, но на главните политички правци на владината коалиција сите имаат исто гледање и работат на остварување на истата цел.

„Партијата ДОМ имаше изјава во однос на изборниот модел, односно една изборна единица. СДСМ практично е првата партија која тој модел го стави во својата програма и која кажа дека се застапува за него. Од тоа не сме отстапиле и затоа е формирана комисија за ревидирање на изборниот закон, прво заради вметнување на забелешките на ОБСЕ и ОДИХР, а подоцна и во однос на изборниот модел. Таму ќе се отвори дискусија и за една изборна единица, дали ќе има отворени листи и во однос на  застапеноста на етничките заедници, како и други прашања за родовата застапеност“,

изјави Ковачевски во одговор на новинарско прашање пред почетокот на трибината што се одржува во скопското кино „Милениум“.

Низ една таква дискусија, додаде Ковачевски, треба да произлезе финален консензуален закон.

„Истото се однесува и на другите политички партии. Знам дека ВМРО-НП уште од почетокот имаше прилично конзистентен став во однос на одредени други закони, но тоа никако не влијае на генералните правци на Владата“,

посочи Ковачевски.

Во однос на најавите на Стојанче Ангелов од Достоинство кој рече дека постои можност неговата партија да излезе од владината коалиција, откако Владата ги одбила измените на Законот за бранители, Ковачевски одговори дека има исклучителна почит за нивниот претседател и за членовите на партијата.

„Ќе разговараме и во однос на законските решенија што ги предлагаат и нивната усогласеност со другите. Секогаш може да се изнајде заедничко решение“,

рече Ковачевски.

Ковачевски во своето обраќање на трибината рече „можеме да бидеме горди на нашата работа, затоа што фактите и податоците покажуваат дека имаме резултати кои вистински и реално прават разлика“.  

Ковачевски посочи дека и во споредба со ВМРО-ДПМНЕ и во однос на испорачаните резултати и во однос на глобалните токови, СДСМ докажала што значи одговорно и успешно работење. 

„Нема сегмент во којшто СДСМ ако се спореди со ВМРО-ДПМНЕ нема подобар резултат“,

рече Ковачевски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шолц го увери Зеленски дека ќе има германска поддршка колку што е потребно

Следно

Избори во Туркије: Во Анкара гласаше Синан Оган, кандидат на Татковинската алијансa

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop