Германија праќа воена помош за Украина во вредност од 2,9 милијарди долари

May 13, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германија ќе ѝ испорача на Украина нов пакет воена помош во вредност од 2,9 милијарди долари, пренесува Анадолу.

Најголемиот пакет воена помош досега ќе содржи 30 борбени тенка Леопард 1, 20 пешадиски борбени возила Мардер, 15 противавионски тенка Гепард и околу 100 оклопни возила, јави германскиот неделник „Дер Шпигел“.

За зајакнување на воздушната одбрана на Украина, Германија ќе прати и околу 200 дрона за набљудување и извидување и четири дополнителни противвоздушни ракетни системи ИРИС-Т, пишува неделникот.

Германија ја зголеми својата воена поддршка за Украина во последниве месеци по притисокот од Соединетите Американски Држави и другите сојузници и моментно е трет по големина снабдувач на оружје за Украина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реал Мадрид и Барселона на 29 јули во Арлингтон

Следно

Оштетување на столчињата и неправилно користење на просторот причини што „Златно славејче“ нема да биде во Филхармонија

Latest from Blog

Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања

„имате многу многу негативни сили кои го покренуваат тоа прашање,  тие покренуваат работи што нема да се случат“, рече Трамп за време на посетата на Ирска. Едно од предупредувањата дојде од поранешен
Go toTop