Кенија: Пронајдени 150 тела на следбениците на култот на изгладнување

May 12, 2023
1 min read

НАЈРОБИ (АА) – Бројот на починати следбеници на култот на изгладнување во Кенија се искачи на 150, откако беа ексхумирани уште неколку тела, соопшти полицијата, јавува Анадолу.

Уште пет тела се откопани во шумата Шакахола во округот Килифи, интензивирајќи ја тековната истрага за култот на изгладнувањето, предводен од проповедникот Пол Мекензи.

Регионалниот комесар Рода Онјанча вчера упати соопштение до медиумите во кој ги открива мрачните наоди.

Онјанча истакнува дека 594 лица, за кои постои сомнение дека се членови на култот, се пријавени за исчезнати од нивните семејства, и дека извршени се 25 апсења.

Собрани се примероци на ДНК од 93 семејства додека потрагата и ексхумацијата продолжува во шумата Шакахола.

И понатаму се во тек напорите за откривање на вистината зад активностите на култот и околностите околу смртта.

Ексхумациите беа прекинати поради лошите временски услови, но продолжија по неколку дена.

Полициската истрага која започна во средината на април досега откри дека на некои од жртвите им недостасуваат органи, што доведе до сомневања за трговија со органи.

Министерот за внатрешни работи, Китур Киндики, во врска со смртните случаи на култот Шакахола изјави дека се поврзани со високо организиран криминал, истакнувајќи дека постојат многу масовни гробници.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Завојуваните страни во Судан потпишаа обврска за заштита на цивилите

Следно

Вучиќ: Ќе ги прифатиме сите барања на родителите од „Владислав Рибникар“

Latest from Blog

Комерцијална банка, Македонски Телеком и Макпетрол најтргувани; МБИ10 падна за 0,10%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 08.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.936,34 поени, со дневен пад од 0,10%, односно –10,09 поени, додека

„Нож и виљушка на европска чинија“ утре носи целодневна забава во Паркот на Франкофонијата

Паркот на Франкофонијата утре, 9 мај, ќе стане место за вкусови, музика и урбано дружење за сите генерации. Од 12:00 часот напладне, настанот ќе понуди содржини за најмладите, храна инспирирана од различни

ЕСКАЛАЦИЈА ВО ОРМУЗ – Иран заплени танкер и упати закана до САД

Иранската морнарица го заплени танкерот „Оушн Кои“ под обвинение за обид за нарушување на иранскиот извоз на нафта и националните интереси, објави новинската агенција „Тасним“. Запленувањето го извршиле специјални единици на иранските

Пробиштип со свечена програма го одбележа денот на победата и денот на Европа

Во пресрет на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, Општина Пробиштип организираше одбележување на значајниот датум со положување свежо цвеќе и пригодна програма во центарот на
Go toTop