Пакистан: Деветмина загинати за време на протестите по приведувањето на Имран Кан

May 11, 2023
1 min read

ИСЛАМАБАД (АА) – Најмалку девет лица загинаа за време на протестите што започнаа откако Националното биро за одговорност (НАБ) го уапси поранешниот премиер Имран Кан, јавува Анадолу.

Повредени се повеќе од 290 луѓе.

Протестите продолжуваат низ целата земја откако лидерот на Партијата за движење на правдата (ПТИ), Кан, кој дојде од Лахоре во главниот град Исламабад за да присуствува на сослушувањето, беше приведен од паравоените сили пред судот.

Седум лица загинаа за време на протестите во провинцијата Хајбер Пахтунхва, а по едно лице во Балучистан и Пенџаб.

Протестите што започнаа на 9 мај сѐ уште траат, а повеќе од 1.900 партиски поддржувачи, меѓу кои и високи политичари на ПТИ, се приведени.

Во Тарнол демонстрантите ја оштетија железничката пруга.

Полициски имот е оштетен во главниот град Исламабад и во Лахоре.

Во полициската станица Шадман во Лахоре демонстрантите оштетија имот и полициски возила.

Над 200 полицајци се повредени за време на тековните протести низ земјата.

Сојузното Министерство за внатрешни работи претходно ги одобри барањата на покраинските привремени влади за војници за ред и мир.

Одлуката е донесена откако полицијата приведе голем број опозициски активисти низ Пакистан по протестите поради приведувањето на поранешниот премиер под обвинение за корупција.

Високиот суд во Исламабад нареди приведување на Кан (70) во вторникот, што предизвика насилни протести низ целата земја, додека антикорупцискиот суд, исто така, во главниот град, вчера одделно го обвини Кан во случај поврзан со нелегално купување и продавање странски подароци.

Приведувањето следуваше откако Кан обвини висок воен функционер дека планирал да го убие.

Адвокатите на Кан го бојкотираа рочиштето откако судијата одби да го одложи неговото обвинение во судскиот процес, популарно познат како „случајот Тошахан“.

Кан на судењето се изјасни за невин.

Кан беше приведен од Ренџерс, паравоени сили во Пакистан, токму кога судот во Исламабад му одобри привремена кауција во седум случаи, објави „Дунај Њуз“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Предадени речиси 6 000 парчиња нелегално оружје во првите три дена од кампањата на српското МВР

Следно

Пукање во фабриката на „Мерцедес“ во Германија, има мртви

Latest from Blog

Америка го нападна Иран – Иран до Трамп: ЌЕ ЗАЖАЛИШ

Денес, и покрај договореното примирје, американската војска изврши нов напад врз цели во Иран, како одговор на нападот врз товарен брод во Ормутскиот теснец, за кој Вашингтон го обвинува Иран, јавуваат новинските

Усвоен новиот Закон за оружје: Повеќе електронски услуги и поедноставени постапки

Министерството за внатрешни работи информира дека е усвоен новиот Закон за оружје, со кој се поедноставуваат постапките, се прошируваат роковите и се воведуваат нови електронски услуги за граѓаните. Од МВР посочуваат дека

Поранешниот советник на Трамп призна вина за непрописно ракување со тајни документи

Болтон, кој сега е истакнат критичар на американскиот претседател, првично се изјасни за невин по 18 точки од обвинението за нелегално ракување со класифициран материјал, пишува Би-Би-Си. Меѓутоа, денеска се изјасни за
Go toTop