Голема полициска акција во Сараево: Уапсени осум лица осомничени за криминал, меѓу нив и градоначалник

May 10, 2023
1 min read

Групата во која бил и градоначалникот на Стар Град во Сараево била разоткриена благодарение на дешифрирањето на апликацијата „Скај“, која се користела за комуникација меѓу криминалците. Податоците за овој случај БиХ ги добила од Европол

Полицијата по налог на обвинителството во Босна и Херцеговина го уапси Ибрахим Хаџибајриќ, градоначалникот на општина Стар Град во Сараево и уште шест лица за корупција и криминал, а беа разоткриени бидејќи ја користеле апликацијата „Скај“ за комуникација, чие дешифрирање придонело за решавање злосторствата низ цела Европа.

По вчерашниот претрес во повеќе згради, сараевската полиција го привела градоначалникот Хаџибајриќ заедно со неговиот син Сеид, општинскиот секретар Алма Дестановиќ, претприемачот Елмедин Каришиќ и уште четири лица бидејќи обвинителството ги товари за организиран криминал, злоупотреба на позиција или овластување, перење пари и примање и давање мито.

Според соопштението на обвинителството во Сараево, постои сомневање дека од 2019 година до мај 2023 година Хаџибајриќ и Каришиќ организирале и раководеле со криминална група. Некои нејзини членови комуницирале меѓу себе преку инсталираната апликација „Скај“ за да си ги покријат трагите и да договараат извршување кривични дела.

Европол ги открил

Според обвинителството, градоначалникот на општина Стар Град во Сараево, Ибрахим Хаџибајриќ, кој е и потпретседател на партијата Народна Европска Унија (НЕС), примил поткуп во износ од 75 000 евра само за доделување недвижен имот на територијата на таа општина. Осомничените се товарат и за незаконско издавање паркинг-места за најмалку три фирми кои истовремено ги контролирале и на тој начин незаконски заработиле стотици илјади марки.

По кривичната истрага на полицијата, уапсените во текот на денот ќе бидат предадени на окружното обвинителство во Сараево.

При претрес на општинската зграда и други објекти што ги користеле пријавените, пронајдени и одземени се документи, електронски уреди за чување податоци, пари и накит, како и многубројни други предмети, соопшти полицијата.

Групата во која бил и градоначалникот на Стар Град била разоткриена благодарение на дешифрирањето на апликацијата Скај, која се користела за комуникација меѓу криминалците. Податоците за овој случај БиХ ги добила од Европол.

Поранешниот министер за безбедност на БиХ и лидер на партијата Алијанса за подобра иднина, Фахрудин Радончиќ, најави дека со помош на податоците од оваа комуникациска апликација ќе бидат отстранети многубројните спонзори на тежок криминал.

„Благодарение на апликацијата ‘Скај’, на подрачјето на регионот се открива дека зад наркокартелите практично стојат полициско-разузнавачки, судски и политички лидери. ‘Скај’ ќе ја исчисти Босна и Херцеговина од многу политичари, а дел од полициската структура веќе падна“,

рече Радончиќ за државната радио и телевизија на Босна и Херцеговина БХРТ.

Фото: Илустрација/EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Пакистан распоредена армијата поради тензиите по апсењето на поранешниот премиер Кан

Следно

Инзаги: Трката со Милан ќе трае 180 минути

Latest from Blog

Над 13 милиони денари промет на Македонската берза, МБИ10 со благ раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 21.07.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.426,80 поени. Во

Халанд донесе одлука за својата иднина

Фото: Ерлинг Халанд Х Ерлинг Халанд им кажал на своите претставници засега да ги стават на чекање сите разговори за можен трансфер. Норвешкиот напаѓач не сака да го напушти Манчестер Сити ова

Николоски: Македонија добива нови авионски линии и подобра поврзаност со Европа

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека македонскиот авиосообраќај бележи значителен раст, истакнувајќи дека компанијата „Визер“ го поставува својот седми авион во базата на Меѓународниот аеродром Скопје. Според Николоски, ова

Проданоски: Кога е најпотребно, Прилеп знае да помогне

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати повик до граѓаните, институциите и компаниите да се вклучат во хуманитарната акција за донирање флаширана вода за пиење за жителите на Гостивар, кои се соочуваат

САД започнаа нови напади врз Иран, Трамп предупредува на одмазда за смртта на војниците

Нападите – 10-та последователна ноќ  – доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе го казни Иран за смртта на американските војници.трамп претходно изјави дека Иран бил погоден „многу силно“ претходната
Go toTop