САД го укина условот странските патници да бидат вакцинирани против ковид-19

May 9, 2023
1 min read

Координаторката за ковид во Белата куќа, Ашиш Јиха, им рече на новинарите дека администрацијата донела одлука дека вакцините за странските патници и федералните вработени повеќе не се потребни за заштита на Американците

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја укина регулативата за задолжителна вакцинација против коронавирусот за странски посетители.

Во исто време истече и регулативата која бараше задолжително да бидат вакцинирани и федералните службеници и изведувачите на работи.

Одлуките на Бајден ќе стапат во сила на 12 мај, по завршувањето на вонредната состојба воведена поради пандемијата на коронавирусот.

Минатата недела, Белата куќа објави план за укинување на последните вонредни ограничувања за јавното здравје кои првпат беа воведени во 2020 година и го задржаа најголемиот дел од светското население да влезе во САД.

Координаторката за ковид во Белата куќа, Ашиш Јиха, им рече на новинарите дека администрацијата донела одлука дека вакцините за странските патници и федералните вработени повеќе не се потребни за заштита на Американците. Според тие правила, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доби забрана за настап на некои американски турнири бидејќи не бил вакциниран.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Барселона и Реал Мадрид би можеле да одиграат претсезонски натпревар во САД на крајот на јули

Следно

ЧШ: Реал Мадрид и Манчестер Сити одиграа нерешено во првиот меч од полуфиналето

Latest from Blog

Флик го блокира заминувањето на Торес

фото: PSG Report @PSG_Report (X) Тренерот на Барселона, Ханси Флик го информирал раководството на Каталонците дека Феран Торес нема да биде продаден за време на овој летен преоден рок. Според „Мундо Депортиво“,

ПРЕСУШЕНИ РЕКИ, СКАПА СТРУЈА: Новиот удар врз европската индустрија

Тешката индустрија во Европа ги трпи последиците од пресушувањето на најголемите реки на континентот поради долготрајниот топлотен бран што го зафати регионот, објави Блумберг. Падот на нивото на водата во Рајна и

НЕМА ВЕЌЕ ЧИСТАЧКИ. Во Белгија “снемало“ 3.000 куќни помошнички, можеби сега чекаат роботи

Бројот на домашни помошнички во Белгија се намали за речиси 3.000 за една година, а една од главните причини е зголемувањето на цената на ваучерите за услуги, објави Националната служба за социјално

Гори на пет локации кај село Раец, ситуацијата е исклучително сериозна

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, доцна вечер преку социјалните мрежи апелираше дека во моментов пожарот во атарот на село Раец е активен на пет различни локации, а ситуацијата е исклучително сериозна. „Надлежните
Go toTop