Во израелски воздушни напади на Газа загинаа 12 лица, меѓу кои и жени и деца

May 9, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Дванаесет лица загинаа, меѓу кои жени и деца, а 20 се повредени во воздушните напади изведени рано утринава во Газа од страна на израелската војска, заедно со израелската служба за внатрешна безбедност Шин Бет, јавува Анадолу.

Бројот на загинати го соопшти Министерството за здравство во Газа.

Преку соопштение, бригадите Ал Кудс, вооруженото крило на движењето Исламски џихад, истакнаа дека во нападите загинале тројца членови на неговото раководство и нивните сопруги и деца.

Меѓу нив биле и високиот лидер на движењето Тарек Иззелдин, командантот Халил Бахитини и Џахед Ахнам, генералниот секретар на воениот совет.

Движењето изрази жалење поради смртта на своите членови.

Во соопштението, портпаролот на Исламски џихад, Тарик Силми, истакна дека „сите опции и сценарија се отворени за силите на отпорот како одговор на злосторствата на окупаторските сили“.

„Отпорот нема да престане додека не заврши окупацијата“, порача Силми, додавајќи дека тие „ќе ги одмаздат лидерите“.

Лидерот на движењето Хамас, Исмаил Ханије, ја повтори изјавата на Силми, нагласувајќи дека Израел направил грешка во својата операција и дека ќе ја плати цената.

„Убиството на лидерите преку предавничка операција нема да обезбеди сигурност за самата окупација (за Израел). Напротив, додатно ќе го зголеми отпорот“, рече Ханије.

Претходно армијата ја најави операцијата „Штит и стрела“ откако започна воздушни напади врз цели на Исламски џихад во Појасот Газа. Соопшти дека целта е раководството на движењето.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Туркије подготвена да биде домаќин на преговори на спротивставените страни во Судан

Следно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Кога државата капитулира пред една дивоградба

Latest from Blog

Николоски: Градежништвото бележи историски раст од речиси 22 проценти

Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото бележи раст од речиси 22 % споредено со истиот период минатата година. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање, истакна

Проданоски: „Старо Бонче“ заслужува да биде меѓу најзначајните археолошки локалитети во Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, го посети археолошкиот комплекс „Старо Бонче“, каде во изминатите десетина дена интензивно се реализираат систематски археолошки истражувања. Проданоски се запознал со текот на истражувањата и досегашните
Go toTop