Убиени 12 лица, меѓу кои и тројца високи команданти на Исламски џихад во израелски воздушни напади во Газа

May 9, 2023
1 min read

Израелската армија соопшти дека убила тројца високи претставници на военото крило на радикалната палестинска група

ФОТО: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Најмалку 12 лица се убиени, а 20 се ранети во текот на ноќта во израелските воздушни напади врз цели на Исламскиот џихад во Појасот Газа, јави Асошиеjтед прес (АП), повикувајќи се на медицински извори во крајбрежната енклава, пренесува БТА.

Палестинските здравствени власти соопштуваат дека меѓу загинатите има три жени и три деца.

Израелската армија соопшти дека убила тројца високи претставници на военото крило на радикалната палестинска група. Групата ги идентификуваше убиените команданти како Џихад Ганам, Калил Ал Бахтини и Тарек Иззелдин. Според израелската војска, тројцата се одговорни за неодамнешната ракетна стрелба врз земјата.

Од армијата соопштија дека целеле на 10 локации за производство на оружје и инфраструктура, вклучувајќи работилници за производство на ракети и локација за правење бетон што се користи за тунели.

Во очекување на ракетен напад како одговор на убиствата, израелската војска ги повика граѓаните кои живеат во градовите на 40 километри од Газа да останат во близина на засолништата, пренесува Гардијан.

Милитантните групи рекоа дека ќе одговорат на нападите.

„На бомбардирањето ќе биде одговорено со бомбардирање, а на нападот ќе биде одговорено со напад“,

ја пренесува Гардијан изјавата на Тарек Селми, портпарол на Исламскиот џихад.

Исламски џихад е втората највлијателна вооружена група во Појасот Газа по Хамас, исламистичкото движење кое ја контролира енклавата. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пронајдени се двете девојчиња од Струмичко кои беа загубени во Скопје

Следно

Ердоган: Туркије подготвена да биде домаќин на преговори на спротивставените страни во Судан

Latest from Blog

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop