Седницата на Европскиот парламент почна со едноминутно молчење за жртвите во масовните убиства во Србија

May 8, 2023
1 min read

Претседателката на Парламентот, Роберта Мецола, како што јавуваат српските медиуми, на почетокот на седницата упатила сочувство до семејствата и пријателите на загинатите, а на повредените им посакала брзо закрепнување

Денешната пленарна седница на Европскиот парламент (ЕП) почна со едноминутно молчење за жртвите од минатонеделните масовни убиства во Србија.

Претседателката на Парламентот, Роберта Мецола, како што јавуваат српските медиуми, на почетокот на седницата упатила сочувство до семејствата и пријателите на загинатите, а на повредените им посакала брзо закрепнување.

„Нашите мисли се со вас“,

рекла Мецола.

Илустративна фотографија од седница на Европскиот парламент

Минатата недела во Србија се случија две масовни убиства во кои загинаа вкупно 17 лица.

Првото убиство се случи на 3 мај кога 13-годишен ученик уби осум соученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Во нападот се повредени уште шест ученици и наставничка.

Еден ден подоцна, на 4 мај, се случи вториот масовен напад во кој 21-годишен напаѓач усмрти осум лица, а рани 14 во селата Мало Орашје и Дубона кај Младеновац.

Пратеникот во Европскиот парламент и известувач за Србија, Владимир Билчик, поднесе устен амандман на извештајот за Србија, во кој се осудуваат масовните убиства.

„Европскиот парламент е покрај народот на Србија во овие тешки моменти“,

објави Билчик на Твитер на 8 мај.

Расправата за извештајот на Билчик за Србија ќе се најде на дневен ред на Европскиот парламент во вторник, а гласањето е закажано за в среда, на 10 мај.

Инаку, делегацијата на Европската Унија во Србија ги одложи сите настани и кампањи по повод Денот на Европа, кој се одбележува на 9 мај. Наместо тоа, на тврдината Калемегдан ќе биде поставена цветна инсталација во чест на жртвите на убиствата и нивните семејства.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Промоција на новите изданија на Румена Бужаровска на Саемот на книгата

Следно

Сон жртва на расни навреди од навивачи на Кристал палас

Latest from Blog

Министерство за енергетика: Македонија внимателно ја следи состојбата во Европа, домашниот систем останува стабилен

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов

ФИФА е во целосен хаос: Потегот на Инфантино го шокираше целиот фудбалски свет

Според информациите што ги даде францускиот весник „Л’Екип“, Инфантино во среда организирал кризен состанок со челниците на ФИФА во Мароко. Се вели дека првиот човек на светскиот фудбал е сериозно загрижен за

Општина Битола: Нови 1.550 квадратни метри паркинг простор за граѓаните

Општина Битола продолжува со реализација на проекти за подобрување на сообраќајната инфраструктура и обезбедување нови паркинг места за граѓаните. Денеска беше извршено асфалтирање на новиот паркинг простор во поранешната касарна, на локацијата

Министерство за финансии: Буџетските приходи над 204 милијарди денари, раст од 9,3% за седум месеци

5 август 2026, Скопје – Приходите во Буџетот од почетокот на годината се прибираат согласно планот и со раст во споредба со претходната година. Истовремено и на расходната страна се исплаќаат обврските согласно планираното.

БЕЗБЕДНОСЕН АЛАРМ ВО СЕУТА – Меѓу новодојдените мигранти идентификувани лица поврзани со џихадизам

Шпанските безбедносни служби идентификувале неколку лица меѓу мигрантите кои минатата недела масовно влегоа во енклавата Сеута, а кои претходно биле предмет на истраги за кривични дела поврзани со џихадизам, објавија шпанските медиуми
Go toTop