Фон дер Лајен утре во посета на Киев, ќе разговара со Зеленски

May 8, 2023
1 min read

Во петокот ЕК на амбасадорите на земјите членки им го претставила предлогот за 11-тиот пакет санкции против Русија, кој првенствено ќе биде насочен против оние што ѝ помагаат на Русија да ги избегне санкциите

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, утре, на Денот на Европа, 8 Мај, ќе го посети Киев и ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти денеска портпаролот на ЕК.

„Претседателката на Комисијата ќе ја потврди непоколебливата поддршка на Европската унија за Украина“,

изјави Ерик Мамер.

Тоа ќе биде петта посета на Фон дер Лајен од почетокот на руската агресија врз Украина на 24 февруари минатата година.

Мамер рече и дека во петокот ЕК на амбасадорите на земјите членки им го претставила предлогот за 11-тиот пакет санкции против Русија, кој првенствено ќе биде насочен против оние кои ѝ помагаат на Русија да ги избегне санкциите.

По правило, Комисијата не објавува предлози за санкции додека не добие согласност од земјите членки, кои за тоа ќе расправаат во наредните денови. Според дипломатски извори, ЕК предлага да се создаде законска можност за ограничување на извозот во земјите за кои постои сомневање дека ѝ помагаат на Русија да ги заобиколи санкциите.

Тоа треба да биде еден вид одвраќање, а доколку не е ефективно, Унијата би можела да воведе забрана за извоз на производи наменети за двојна употреба, цивилна и воена, во одредени земји. Исто така, можно е неколку кинески компании да се најдат на санкционираната листа.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ЕУ подготвува нови санкции поради руската војна против Украина

Следно

Шентоп: „Балканот сѐ уште без трајни решенија за многу проблеми“

Latest from Blog

Ведат Муриќи се врати во Фенербахче

Интернационалецот од Косово, 32. годишниот Ведат Муриќи е нов играч на екипата на Фенербахче во трансфер вреден 15.5 милиони евра. Сума која што турскиот гигант ја плати на Мајорка, екипата за која

Трамп: Мораме да го вразумиме Нетанјаху

Опишувајќи го нивниот однос како „добар“, Трамп рече дека може да ги контролира израелските воени активности во Либан затоа што тамошните службеници прават што тој им кажува. Израел инсистира на контрола на

Пожар избувна кај ПМФ и парк-шумата Гази Баба

Попладнево пожар избувнал во близина на парк шумата Гази Баба, во близина на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, гори сува трева, а екипите се на терен и

Тврдат дека се угнетувани на Светското првенство – се пожалија на ФИФА

фото: AJE Sport (X) Фудбалската федерација на Иран поднесе официјална жалба до ФИФА поради строгите ограничувања за патување со кои се соочува нивната репрезентација за време на Светското првенство во САД. Федерацијата

Куба на чекор до најголемите економски реформи од револуцијата на Фидел Кастро

 Кубанскиот претседател, Мигел Дијаз-Канел изјави дека реформите се итни и неопходни поради засилените санции од САД. Предложените мерки предвидуваат отворање на градежниот сектор за приватни компании, трансформација на државните претпријатија во акционерски
Go toTop