Чавушоглу: Туркије го одби предлогот на САД да го испрати системот С-400

May 7, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Вашингтон своевремено ѝ предложи на Туркије да го испрати на Украина одбранбениот систем С-400 што го купи од Русија, но Анкара го одби овој предлог, рече турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, известува Анадолу.

„САД бараат од нас да го испратиме С-400 во Украина, но ние одговоривме не“, рече Чавушоглу, објаснувајќи дека овие предлози се неприфатливи бидејќи се настојува да се урне турскиот суверенитет.

Турските официјални лица во повеќе наврати говореа дека нацијата ги купи системите С-400 заради национална безбедност и дека ниту една друга земја нема право да се меша во тоа.

Во 2017 година, кога долготрајните напори да купи систем за противвоздушна одбрана од САД се покажаа залудни, Туркије потпиша договор со Русија за набавка на најсовремениот систем С-400.

Американските официјални лица се противеа на поставувањето на овој ракетен систем во Туркије, тврдејќи дека С-400 би бил некомпатибилен со системите на НАТО.

Туркије меѓутоа нагласи дека С-400 нема да биде интегриран во системите на НАТО и дека нема да претставува закана за Алијансата или нејзиното вооружување. Анкара во повеќе наврати предложи формирање комисија што би го разјаснила ова прашање.

Запрашан за враќањето во програмата Ф-35, Чавушоглу рече дека Анкара не сака да се врати во програмата, туку сака да се врати од Вашингтон со парите што ги плати за борбените авиони пред да излезе од програмата.

„Анкара сега произведува сопствени авиони“, објасни тој, додавајќи дека Туркије исто така сака да ги унапреди врските со САД и дека за таа цел се воспоставени потребните механизми.

Според неговите зборови, Туркије сака да купи авиони Ф-16 и комплети за модернизација од САД.

Анкара побара авиони Ф-16 и комплети за модернизација од САД во октомври 2021. Договорот вреден 6 милијарди ќе вклучува 40 млазни авиони и комплети за модернизација на 79 воени авиони што турското воено воздухопловство веќе ги има.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДЛУМ избра членови на Управниот, Надзорниот и на Уметничкиот совет

Следно

Детектор анкета: Жените и мажите се рамноправни, но постои полова дискриминација при вработување

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop