Вечерва во Света Софија авторски концерт на Љупчо Коскаров на Охридско лето

May 5, 2023
1 min read

Во организација на НУ Охридско лето, а по повод Денот на македонскиот јазик вечерва со почеток од 20 часот во црквата Св. Софија ќе се одржи авторски концерт на Љупчо Коскаров заедно со Марина Јаневска – сопран, Илија Белистојаноски – тенор, Иван Трајковски – виолина, Филип Михајловски – канон и Дарко Мариновски – пијано.

Програмата за концертот е составена од македонска уметничка музика која е инспирирана и посветена на таткото на авторот Блажо Коскаров – познат кларинетист од Кавадарци кој оставил силни пораки и чувства за музичкото наследство врз својот син и идните музички таленти. Музиката е компонирана во период од 5 години, снимена е аудио, сѐ со цел да не се заборават традиционалните музички теми кои што живееле 200 години наназад низ историјата.

Љупчо Коскаров спаѓа во редот на најистакнатите македонски уметници од областа на музичката уметност. 20 год е член на Македонската филхармонија како прв трубач и солист во оркестарот. Соработувал со голем број на диригенти, пијанисти и други инструменталисти. Остварил голем број на концерти како солист, со камерен ансамбл и во камерни дувачки состави.

Билетите по цена од 200 денари ќе бидат во продажба пред почетокот на концертот.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Улични кучиња нападнаа маж и жена во Скопје

Следно

Пригожин се закани со повлекување од Бахмут на 10 мај

Latest from Blog

Земјотрес го погоди Санторини

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во 02:25 часот наутро во близина на грчкиот остров Санторини. Според податоците од Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина, епицентарот

Републиканците во американскиот Конгрес се соочуваат со тешкотии при усвојувањето на законот на Трамп

Републиканците во американскиот Конгрес се соочуваат со предизвици во обидот да го усвојат пакетот намалувања на даноците и буџетот од претседателот Доналд Трамп, кој инсистира законот да биде усвоен до утре, 4

Одбиено обвинението против кумановскиот градоначалник, обвинителството се откажа од обвинението

Основниот суд Куманово донесе пресуда со која обвинението против кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски се одбива, бидејќи јавниот обвинител се откажал од обвинението, соопшти кумановскиот суд. -Основниот суд Куманово заради интерес на јавноста
Go toTop