Трката за вработување на АИ инженери е станата апсурдна

May 4, 2023
1 min read

Најголемата борба се случува меѓу компаниите во Индија, која како најбројна држава на светот секогаш можеше да обезбеди кадар за ИТ индустријата. За оваа криза, предизвикана од трката меѓу најбогатите и најголеми светски технолошки компании, помош нема ни од Индија.

Блумберг пренесува сведоштва за тоа како компании ја дуплирале платата на специјалисти за вештачка интелигенција кои преминале кај нив, или како на еден инженер му било понудено БМВ како бонус за потпишување договор за работа.

Процената е дека во Индија во моментов има 416 илјади луѓе кои работат на АИ, а индустријата има потреба за уште 213.000 такви.

Без разлика колку е напнато во моментов, очекувањата се дека работите на краток рок само ќе се влошат бидејќи побарувачката ни од блиску може да ги задоволи идните потреби за АИ експерти на индустријата.

За разлика од времињата кога тие бираа кого ќе вработат, во денешната ситуација компаниите се тие што треба да ги привлечат идните вработени со што е можно поатрактивен и револуционерен производ и план за развивање на истиот.

Освен очекуваните технолошки џинови, свои претставништва во Индија, во потрага по АИ талент за сопствените продукти и технологии отвораат најразлични глобални компании од Ворнер брадерс и Авис, до Голдман Сакс и Волмарт.

Главната надеж е дека ситуацијата ќе ја решат секогаш флексибилните Индијци кои веќе на големо почнаа да работат на преедукација и запознавање со вештачката интелигенција, главно во потрага по поголема плата.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Ревизор“ во режија на Андреј Цветановски утре премиерно во Театар Комедија

Следно

Предвреме отповикан македонскиот амбасадор во Чешка

Latest from Blog

ВЕ БОЛАТ КОЛЕНАТА И КОСКИТЕ? Вклучете го ова во исхраната и зглобовите ќе бидат како „подмачкани“

Правилната исхрана богата со специфични нутриенти може да игра клучна улога во зачувувањето и можната регенерација на ’рскавицата, како и во долгорочното здравје на зглобовите. Болките во зглобовите и колената стануваат сè

ТУРИСТИТЕ И ГРАЃАНИТЕ И ВО НЕДЕЛА И ВО ПРАЗНИК ЌЕ МОЖАТ ДА КУПУВААТ НА ШИРОК СОКАК

Битола, продолжува да ја зацврстува својата позиција како врвна туристичка дестинација, нудејќи им на посетителите незаборавно искуство низ вековната историја и автентичната архитектура. Култното шеталиште Широк Сокак, со својот уникатен спој
Go toTop