Захарова: Западот е примарно одговорен за чекорите на Украина против Русија

May 4, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Западот е „примарно одговорен“ за чекорите на Украина против Русија, рече денес официјална Москва, еден ден откако го обвини Киев за напад на Кремљ со беспилотни летала во текот на ноќта во обид да го убие претседателот Владимир Путин, пренесува Анадолу.

„Тие ја уништија легитимната Влада во Украина, поставија авантуристи и бандити на чело, ги снабдија со пари и оружје, всадија чувство на апсолутна толеранција и неказнивост, обезбедија политичко покривање и воена придружба“, истакна портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, преку Телеграм.

Таа мислеше на протестите на Мајдан во Украина во 2014 година, кои доведоа до соборување на претседателот Виктор Јанукович, кој се сметаше за проруски настроен.

Русија вчера (среда) соопшти дека Украина се обидела да ја нападне резиденцијата на претседателот Путин со два дрона, кои биле соборени.

Путин не бил повреден во нападот, а беше нагласено дека Русија го задржува „правото да преземе одмазднички мерки на место и време кога смета за соодветно“, се додава.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски и други официјални претставници ја негираа вмешаноста на Киев во нападот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По масакрот во Белград, српското МВР најави контроли – дали сопствениците го чуваат оружјето според прописите

Следно

Зеленски во Хаг: Сите сакаме да го видиме Владимир овде

Latest from Blog

Меџити: Околу еден милион евра инвестираме во базен за нашите деца во Чаир

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите на новиот базен во училиштето „7 Март“. Тој посочи дека изградбата се одвива според планираната динамика и

Главниот ривал на Инфантино се откажува од трката за прв човек на ФИФА?

Виктор Монталијани, кој се споменуваше како еден од најсериозните потенцијални противкандидати на Џани Инфантино за претседателската функција во ФИФА, најверојатно нема да влезе во трката на изборниот конгрес закажан за 18 март.

Проданоски: Прекрасен подарок со искрена порака во пресрет на 11 Октомври

Во пресрет на 11 Октомври, ученици од текстилно-кожарската и шумарско-дрвопреработувачката струка при СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп му подарија рачно изработено македонско знаме на градоначалникот Дејан Проданоски. Знамето е едно од трите
Go toTop