Во Македонија ќе има мајчинско, татковско и родителско отсуство, еве што предвидува новиот закон 

January 14, 2023
1 min read

Место досегашното породилно отсуство се предвидува поделба на отсуствата на мајчинско, татковско и родителско отсуство. Ова се предвидува согласно новиот Предлог- закон за работни односи, кој е во нацрт-верзија, за кој периодов ќе оддржиме серија јавни расправи со цел вклучување на јавноста и отворање на можноста за коментари, објави вечерва министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на својот Фејсбук профил.

-Татковското е во траење од 15 дена и се користи веднаш по раѓањето на детето, ако е едно дете, а за близнаци, тројки и повеќе родени деца, во траење од 20 дена. Мајчинското отсуство трае 5 месеци, а родителското по четири месеци за секој родител поединечно, наведува Тренчевска.

Министерката за труд и социјална политика посочува дека иако на прв поглед изгледа дека е намален периодот на мајчинско отсуство, сепак не е така, бидејќи мајката има пет месеци мајчинско и четири месеци родителско отсуство. Значи, како што нагласи, останува со детето исто како и досега, 9 месеци.

-Но, дополнително, тука се и четири месеци на родителско отсуство на таткото, кои доколку се користат од страна на таткото по истекот на мајчинското и родителството отсуство на мајката, значат дека детето , наместо досегашните 9 месеци, ќе може да биде под родителска грижа вкупно 13 месеци, објави Тренчевска.

Според Тренчевска, воспоставувањето на трите вида на отсуство освен, обезбедување на заштита, имаат за цел и изедначување на улогата на мајката и таткото, односно мажот и жената во периодот на подигање на детето или децата. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нуредини: Ќе инвестираме 55 милиони евра во регионални депонии и за инфраструктура

Следно

(ВИДЕО) Седумгодишно девојче тешко повредено во пукање во централен Лондон 

Latest from Blog

Вработените во Белата куќа се предупредени да не користат привилегирани информации за да се обложуваат

Е-маил бил испратена на 24 март, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави петдневно одложување на неговата закана за напад врз енергетските објекти и инфраструктурата на Иран. Во мејлот се споменуваат

Автобусите ќе возат по посебен возен ред до понеделник – ЈСП сподели важни информации за начинот на работа за празничниот период

По повод верскиот празник Велигден, од денеска до понеделник, автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред. Утре билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно

Нов скандал во Италија: Продажбата на „Сан Сиро“ се откажува?!

ФОТО:facebook.com/Inter/ Најголемата политичка партија во Италија поднесе предлог за откажување на продажбата на „Џузепе Меаца“ или „Сан Сиро“ на Интер и Милан, откако започна истрага за случајот со стадионот. По една деценија
Go toTop