Спој на македонското културно наследство и модерен накит на „Денови на филигранство и накит“

May 3, 2023
1 min read

Од утре до 7 мај, во организација на Скопје Сити Мол и во соработка со Занаетчиска комора Скопје ќе бидат отворени „Денови на филигранство и накит“, четиридневен настан на кој ќе се претстават дури 23 „артизанс“ индивидуалци – уметници.

Филигранот е дел од македонското културно наследство, кое треба да го заштитиме, а уметничките форми накит на овие креативци се спој на традиционалното со модерното.

Идејата е да се оживеат традиционалните културни вредности, преку брендиран филигрански накит, по кој е препознатлива нашата земја. Наедно на настанот ќе има широка лепеза и од современ накит.

Ова е единствена можност на едно место да се видат рачно изработени уметнички форми на накит од сребро, бакар, челик, преку епоксидна смола, чисто сребро 925, полимерна глина, до керамика, плексиглас и мурано стакло.

Најголем дел од креативците изработуваат филигран, како најделикатна и елегатна форма на накит, а ќе се претстават и учесници кои создаваат шарени и весели приказни во форма на накит за стилски сонувачи и храбри луѓе.

Во секој детаљ на уникатните парчиња накит е втиснат креативниот, искуствен и авторски труд на овие 23 уметници.

Настанот ќе се случува четири денови на приземјето на Скопје Сити Мол и ќе се претстават следните артизани:

Катарина Дода – „KD Jewelry“, Светлана Ивановска – „Арт Студио С“, Кристина Мауровска Темкова – „Студио Кристина“, Елена Поповска -„Мај Прешс“, Марина и Елена Јакшиќ „Ателје Сиена“, Александра Атанасовска – „МОRPHO“, Маја Донева, Миранда Дема – „Coral Jewelry“, Јулијана Илиевска – „Џули Декупаж“, Марта Пејоска, Лада Шоптрајанова Петровска – „Filigree LARGO“, Милица Гавриловска – „Equilibrium.fine.arts“, Елеонора Дулјанова – „Small piece of joy“, Марија Таировска – „Marcy’s handmade“, Емина Амит – „Ателје Месечина“, Ивана Кондратенко – „ARTNOK“, Милена Станковска – „BRUMA“, Татјана Богоевска и Борче Богоевски – „Керакамика“, Данче Наумоска – „КОППЕР АРТ“, Дијана Тодоровски – „Добро ми Стои“, Катерина Јовановска – „Stardust Kejt Rakotvorbi“, Блашка Миева –„Freya Fashion Jewellery” и Ибро Ибраим – „Филигран Ибро“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гвардиола: Никој не може да се споредува со Меси, тој е најсовршениот играч, но, Халанд го достигна истото ниво во однос на головите

Следно

Украина не е подготвена за големата офанзива, ама нема друга карта

Latest from Blog

Иднината на Вини е мистерија: Финални преговори со Реал следната недела!

фото: AFC Xtra @AFC__Xtra (X) Продолжување на договорот или потенцијално заминување. Што ќе се случи со бразилската ѕвезда во Реал (М) сè уште неизвесно, пишува „Марка“. Иднината на Винисиус останува целосна мистерија.

Потпретседателот Милошоски ја пречека коњаницата во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, денеска, во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ 2026, ја пречека коњаницата пред столбот на Крушевската Република. По пристигнувањето на коњаницата и формирањето на свечената поворка,

(Фото) „ШПАНИЈА Е ОКУПИРАНА!“ – Европа и Трамп го кренаа гласот, Мадрид пред губење на шенгенскиот статус!

По масовното пристигнување на мигранти на шпанската територија во енклавата Сеута, низа европски политичари и влади жестоко ја критикуваа владата во Мадрид бидејќи не ги заштитила надворешните граници на Европската Унија. На

Водата на Попова Шапка не е безбедна за пиење

Јавното комунално претпријатие „Шари“ – Тетово ги известува жителите и посетителите на Попова Шапка дека водата од водоводната мрежа во моментов не е безбедна за пиење, бидејќи не е извршена дезинфекција, односно
Go toTop