Администрацијата на Бајден ќе распореди 1 500 војници на границата со Мексико

May 2, 2023
1 min read

Воениот персонал ќе врши внесување податоци и други административни задачи за да можат агентите на царината и граничната заштита да се фокусираат на теренската работа, рекоа официјалните лица, кои зборуваа под услов да останат анонимни бидејќи не биле овластени да зборуваат јавно

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ќе испрати 1 500 војници на американско-мексиканската граница бидејќи очекува зголемување на бројот на мигранти поради укинувањето на ограничувањата воведени за време на борбата против пандемијата на коронавирусот, соопштија претставници на администрацијата.

Воениот персонал ќе врши внесување податоци и други административни задачи за да можат агентите на царината и граничната заштита да се фокусираат на теренската работа, рекоа официјалните лица, кои зборуваа под услов да останат анонимни бидејќи не биле овластени да зборуваат јавно.

Воведените ограничувања за борба против пандемијата им дозволија на американските власти да одвратат десетици илјади мигранти кои сакаа да ја преминат јужната граница на САД.

Тие ограничувања ќе бидат укинати на 11 мај, а администрацијата на Бајден веќе направи големи промени за однапред да ги заостри граничните мерки.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кинескиот МНР се сретна со лидерот на воената хунта во Мјанмар, првпат по државниот удар

Следно

Се воведуваат државна награда за афирмација на македонскиот јазик „Блаже Конески“ и на албанскиот „Ремзи Несими“

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop