Вучиќ и Курти се сретнаа во Брисел, ја усвоија Декларацијата за исчезнатите

May 2, 2023
2 mins read

По усвојувањето на Декларацијата за исчезнати лица, ќе следи презентација и расправа за првиот нацрт на Статутот на Заедницата на српските општини на Косово (УСО). На средбата се и шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел и Мирослав Лајчак, специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти се сретнаа во Брисел како дел од новата рунда преговори под покровителство на Европската Унија. Средбата започнала околу 18:20 часот и веднаш била усвоена Декларацијата за исчезнати лица, јавува Н1 Србија.

Во фокусот на денешната средба меѓу Вучиќ и Курти е имплементацијата на Договорот за пат за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово, за кој постигнаа договор на 18 март во Охрид.

По усвојувањето на Декларацијата за исчезнати лица, ќе следи презентација и расправа за првиот нацрт на Статутот на Заедницата на српските општини на Косово (ЗСО). На средбата се и шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел и Мирослав Лајчак, специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово.

Борел рече дека двете страни го препознаваат прашањето на исчезнатите лица како хуманитарно и ја препознале итната потреба од дополнителни заеднички напори за ублажување на последиците за погодените семејства и пошироката заедница. Во соопштението за медиумите се додава дека Вучиќ и Курти ја признале важната работа која ја завршила Работната група за исчезнати лица.

Пред средбата со Курти, Вучиќ се огласи на Инстаграм со видео од авионот.

„Ќе биде тешко. Против нас се сите големи сили од Западот. Сепак, на нашата страна се правото и правдата. Уште повеќе и поважно од тоа, тие не разбираат колку е силна љубовта кон слободата и колку силно и цврсто може да ја чувате и покрај сите притисоци. Да живее Србија“,

најави Вучиќ.

Вучиќ го обвини Курти дека неколку дена води брутална и валкана кампања против Србија. Наведе дека кон неа се приклучиле и некои политичари и аналитичари.

„Тие ѝ се закануваат на Србија, не потсетуваат на некои стари времиња, зборуваат за нивната борба за слобода, заборавајќи дека Србите се бореле за слобода не само против терористите, туку и против агресорите на НАТО. Пролеаната крв не се враќа. Слободата не може да се врати и не смее да се заборави… Тоа ќе го имам предвид вечерва“,

рече претседателот на Србија.

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, пред средбата изјави дека статутот на Заедницата на српските општини (ЗСО) мора да биде прифатлив за двете страни и во согласност со европските стандарди.

„Менаџерскиот тим ќе го претстави нацртот. Не знаеме што има во него, но тоа треба да биде почеток на процесот. На крајот треба да имаме статут што е прифатлив за двете страни, и Косово и Србија, во согласност со европските стандарди. Тоа е првиот важен чекор“,

рече Лајчак.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Масовна тепачка на Водно за Први мај

Следно

Вучиќ по средбата во Брисел: Денеска првпат удривме во ѕид, Приштина не сака да ја исполни обврската за формирање на ЗСО

Latest from Blog

Пратениците ќе расправаат за законски измени за платите на функционерите, судиите, обвинителите

Собранието денеска треба да ја одржи 89 седница. На дневен ред на седницата се предлогот за именување на претседател и членови на Регулаторната комисија за домување, предлог одлуките за објавување јавен оглас

МАКЕДОНИЈА ГЛАСАШЕ ЗА: Усвоена резолуција која повикува на мир во Украина

Генералното собрание на Обединети нации денеска усвои резолуција, со која се повикува на сеопфатен, праведен и траен мир во Украина. Резолуцијата ја поднесе Украина со повеќе од 45 држави коспонзори, а усвоена

Му рекол на семејството дека ќе го има на вести, па со автомобил полн со експлозив се забил во електрана- ФБИ истражува тероризам

Потоа со автомобил полн со експлозив влегол во електрана во Невада, чин што се третира како терористички напад, соопштија властите. Полициската станица во Боулдер Сити (BCPD) добила повик околу 10 часот наутро
Go toTop