Судскиот совет повторно ја одложи седницата за избор на нов претседател

May 2, 2023
1 min read

Засега нема објаснување зошто се одложува денешната седница, а од Советот најавија дека во текот на денот ќе објават соопштение на својата веб-страница

Судскиот совет

Судскиот совет по втор пат ја одложи седницата за избор на нов претседател која беше закажана по контроверзното разрешување на Весна Дамева минатата недела на 26 април.

Од Советот ја потврдуваат информацијата дека денешната седница се одложува, но засега нема информации од кои причини и за кога ќе биде закажана нова. Во текот на денот најавија дека ќе објават соопштение на веб-страницата.

Седницата за избор на нов претседател беше закажана како итна веднаш по разрешувањето на Дамева, за 27 април. Тогаш, првично почетокот на седницата се пролонгираше за два часа, додека неофицијалните информации говореа дека внатре ситуацијата е тензична. Кога започна, заменик-претседателот Селим Адеми ја одложи за денеска со објаснување дека не се присутни сите 13 члена со право на глас (отсутна беше само Мирјана Радевска-Стефкова), а кога се бира претседател пожелно е сите да се присутни. Сепак, неофицијалните информации говореа дека одложувањето е што нема потребен број од осум гласа „за“ за избор на нов претседател.

Која е причината за денешното одложување го прашавме и Адеми, но до моментот на објавување на текстот не добивме одговор.

Претходната претседателка Весна Дамева беше разрешена со седум гласа откако таков предлог даде Адеми. „За“ гласаа тој и уште шест други члена: Миљазим Мустафа, Ханиф Зендели, Мирсад Суроји, Сашко Георгиевски, Лорета Георгиева и Павлина Црвенковска.

За разрешување претседател на Судскиот совет нема предвидено процедура во Законот за Судски совет и во Деловникот за работа. Начинот на кој Дамева беше отстранета од функцијата предизвика низа реакции кај стручната јавноста, кои беа во насока дека за таа да биде разрешена од претседателка во ситуација кога нема предвидена процедура треба да биде разрешена како член на Судскиот совет. Како што реагираше и Коалицијата „Сите за правично судење“, за Дамева да се разреши од член, пак, потребна е дисциплинска постапка која предвидува процедура што трае одреден период во кој и странката има право на одговор, а потоа кога ќе дојде моментот за гласање неопходни се осум гласа „за“ не сметајќи го тој на предлагачот.

На седницата на 27 април, Адеми одбегна да им одговори на новинарите дали разрешувањето е законско и неколку пати повтори дека има институции кои треба да го утврдат тоа.

Подоцна, во интервју за „Порталб“ тој излезе со креативно толкување за разрешувањето на Дамева и за тоа што во Законот не се предвидени постапки за такво нешто велејќи дека „сè што не е забрането со Устав и закон е дозволено“.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Веројатно и Вајс ќе го изеде банкрот

Следно

САД ја укинуваат обврската за КОВИД-вакцина за меѓународните патници

Latest from Blog

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за

Општина Битола: Музичка вечер во Офицерскиот дом со „Полноќни приказни“

Во Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа слушачка промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, во пресрет на винилното издание. Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето

Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро

Веро маркетите продолжуваат да ја развиваат понудата на внимателно избрани производи кои потрошувачите во Македонија можат да ги најдат во нивните маркети. Под мотото „Нешто посебно, нешто вкусно!“, актуелната селекција носи производи
Go toTop