Режимот на Асад тврди дека Израел го нападнал аеродромот во Алепо

May 2, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад тврди дека аеродромот во Алепо, на северот на Сирија, бил цел на израелски воздушен напад, поради што моментно не е во функција, јавува Анадолу.

Израел изврши воздушен напад врз аеродромот источно од центарот на градот Алепо во 23:35 часот по локално време, објави сириската новинска агенција САНА, повикувајќи се на воени извори.

Во текстот се наведува дека цел на нападот биле и некои точки околу Алепо, а оштетен е и аеродромот што моментно не е во функција. Се наведува и дека во нападот е убиено едно лице.

Режимот на Асад, исто така, на 7 март објави дека Израел го погодил аеродромот во Алепо.

Израелските власти не се огласија во врска со нападот.

Познато е дека во Алепо постојат странски терористички групи поддржани од Иран и воени точки на Хезболах во Алепо.

Од 2011 година, кога започна граѓанската војна во Сирија, Израел периодично извршува напади врз групи поддржани од Иран и воени позиции на режимот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Кој сака нека честита

Следно

Видео: Скопјанец заврши во болница по судир меѓу „рено“ и мопед на „Партизанска“

Latest from Blog

„Фараоните“ ги запреа „Црвените ѓаволи“: Белгија и Египет поделија по бод (ВИДЕО)

фото: Belgian Red Devils (X) Фудбалските репрезентации на Белгија и Египет ги поделија бодовите во првото коло од Групата „Г“  играјќи нерешено, 1:1 на стадионот во Сиетл. Белгијците ја имаа улогата на

ЕУ подготвува ново правило: Новите членки без право на вето до 15 години по приемот

Европската комесарка Марта Кос најави можност новите членки на ЕУ привремено да останат без право на вето во клучни области како надворешната политика, безбедноста и буџетот. Европската Унија размислува за воведување нови
Go toTop