Кој сака нека честита

1 min read

Рајан Веб, инаку оженет маж и татко на пет деца, прогласот го дава чисто заради тролање на левицата, објаснувајќи го како обид да и покаже на левицата како изгледаат.

„По многу размислување одлучив јавно признаам и конечно се чувствувам комфорен да го објавам моето вистинско автентично јас,“ пишува Рајан во пораката, во која сам себе се прогласува за веројатно „првата обоена жена лезбејка во историјата на Делавер каунти што служи во советот“.

Кога левицата му се истури се какви не коментари и закани, Рајан излезе на интервју во кое продолжи да ги трола, порачувајќи им дека „не може ним да им дозволиме да продолжат да лажат и да создаваат сопствен лажен наратив.“

„Во иднина ќе продолжам да ја зборувам вистината и да сум отворен околу тоа кој сум јас како човек, и како ја перципирам комплексноста на мојот родов идентитет. Не можеме да дозволиме насилници, расисти, нетолерантни луѓе полни со предрасуди да го замолчат нашиот глас,“ изјавил Рајан во интервјуто.

Според локалната телевизија И-тим 8 што го интервјуира советникот, тој до сега добил малку поддршка но и многу критики по неговото соопштение а некои повикувале и на негова „егзекуција“.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

60 издавачки куќи ќе се претстават на Саемот на книгата

Следно

Режимот на Асад тврди дека Израел го нападнал аеродромот во Алепо

Latest from Blog