Суданските завојувани генерали се согласиле дa испратат свои претставници на преговори

May 1, 2023
1 min read

Сепак, претставник на Обединетите нации (ОН) во Судан, Волкер Пертес, предупредува дека сè уште постојат предизвици во одржувањето на преговорите и остварувањето на потенцијалниот прекин на огнот меѓу двете завојувани страни, кој изби на 15 април

Суданските завојувани генерали се согласија да испратат свои претставници на преговори, потенцијално во Саудиска Арабија, изјави Волкер Пертес – највисокиот претставник на Обединетите нации (ОН) во Судан за Асошиејтед прес. Доколку се случат, вели тој, преговорите првично ќе се фокусираат на одржлив прекин на огнот, кој би бил надгледуван од национални и меѓународни набљудувачи.

Сепак, Пертес предупредува дека сè уште постојат предизвици во одржувањето на преговорите и во остварувањето на потенцијалниот прекин на огнот меѓу двете завојувани страни.

Преговорите за одржлив прекин на борбите може да се одржат или во Саудиска Арабија или во Јужен Судан, рече тој, додавајќи дека на секоја страна ќе ѝ треба безбеден премин низ територијата на другата.

„Тоа е многу тешко во ситуација кога постои недостаток на доверба“,

вели претставникот на ОН во Судан.

Пертес предупреди и на голема хуманитарна криза бидејќи, како што вели, на луѓето им снемува храна и свежа вода во суданската престолнина Картум оти борбите ги оштетија водните системи.

„Вистинскиот прекин на огнот е од витално значење за да се добие пристап до жителите кои се заробени во нивните домови или се повредени. Ако не добиеме стабилен прекин на огнот, хуманитарната ситуација ќе биде уште полоша“,

додаде Пертес.

Доколку се случат, преговорите меѓу двете завојувани страни во Судан ќе бидат првиот голем напредок откако на 15 април во африканската земја избија борби меѓу суданската армија и паравоената група Сили за брза поддршка.

Во досегашните борби за превласт, според достапните информации, пријавени се повеќе од 500 загинати луѓе, но се проценува дека вистинскиот број на загинати и повредени се очекува да биде далеку поголем. 

Иако двете страни во неделата се обврзаа на 72-часовен хуматинарен прекин на огнот, во делови од Картум и неговиот соседен град Омдурман и денеска одекнале експлозии и пукотници.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кристијано Роналдо се враќа во Реал Мадрид?

Следно

Инцидент во Скопје: Сообраќајка заврши со физичка пресметка и пуќање

Latest from Blog

Путин: Украина ја отвори Пандорината кутија. Нека очекуваат одговор

Украина ги засили нападите со беспилотни летала врз руската економска инфраструктура, вклучувајќи ги и рафинериите за нафта, ова лето, обидувајќи се да ја уништи инфраструктурата за која вели дека е клучна за

Тошковски: ЕБР е еден од столбовите на безбедносниот систем на Македонија

Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола одбележа 25 години од своето формирање, јубилеј посветен на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата. На свеченоста пред Офицерскиот

ПЛ: „Шумарите“ поразени дома, Евертон со моќна победа над Кристал Палас

фото: Premier League (X) Извонреден почеток на фудбалерите на Евртон на новата премиерлигашка сезона. „Сините“ од Ливерпул пред своја публика ги освоија премиерните три бода победувајќи со 2:0 на дуелот со Кристал

Петмина тинејџери загинале возејќи во спротивен правец за да снимат видео на Тик-Ток

Трагичната сообраќајна несреќа, која повторно го отвори прашањето за опасниот тренд на објавување снимки од диво возење на социјалните мрежи, се случила на 16 август, кога момчињата на возраст од 15 до
Go toTop