Осумгодишник силуван од двајца малолетници помлади од 14 години

May 1, 2023
1 min read

 Дете од Скопје на возраст од осум години било силувано од двајца малолетници, кои настанот го снимале со мобилен телефон и потоа снимката ја препратиле на свои познаници.

Полицијата била информирана за настанот, што се случил пред десетина дена, откако мајката на силуваното дете го пријавила случајот во полициската станица Бит Пазар. По приемот на пријавата, припадници на МВР извршиле службен разговор во полициска станица со малолетниците, кои се на возраст од 10 и 13 години, и со нивните родителите, го документирале случајот и поднеле соодветна пријава.

Како што јави телевизија Телма повикувајќи се на извори од истрагата, бидејќи двајцата осомничени силувачи се помлади од 14 години, против нив не може да биде поведена постапка за кривична одговорност, туку по случајот постапува Центарот за социјални работи.

Службеници од Центарот за социјални работи веќе разговарале со двајцата малолетници и е договорено да работат со децата и со нивните родители.  

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: МИТ во Сирија го неутрализираше лидерот на ДЕАШ, Абу ал-Хусеин ал-Кураши

Следно

Во зори, Русија изврши нов ракетен напад на Украина

Latest from Blog

Жалбата за притворот на Богоев сè уште не стигнала до Кривичниот совет

Жалбата на одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, против решението за 30-дневен притвор сè уште не е стигната до Кривичниот совет, бидејќи претходно се чека мислење од надлежниот обвинител,

Во САД почнаа со гафовите: Ја погрешија химната на Аргентина!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Крајно необична ситуација го одбележа пријателскиот натпревар на аргентинската репрезентација против Хондурас, одигран во Тексас, откако организаторите направија сериозен пропуст. Додека играчите на двата тима беа наредени на теренот на стадионот

Видео: Трамп јава лав?!

Претседателот на САД, Доналд Трамп повторно ја искористи својата социјална мрежа Truth Social за да објави „лудо“ видео, генерирано од вештачка интелигенција, кое го прикажува во различни ситуации низ целиот свет, додека

Јакимовски: Лукровски требаше да се јави на работа на 30 мај, Инспекторатот да му го провери боледувањето

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимвски денес се прошета пред Општината и сними видео за социјалните мрежи во кое направи пресметка за боледувањето на актуелниот градоначалник Сотир Лукровски. Тој го повика Државниот
Go toTop