Шефот на грчката дипломатија: Атина и Анкара треба да преземат похрабри чекори за подобрување на односите

April 30, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Атина и Анкара треба да преземат похрабри чекори за подобрување на односите, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, јавува Анадолу.

Осврнувајќи се на неодамнешниот договор меѓу двете земји според кој Грција ќе ја поддржи кандидатурата на Туркије за помошник-генерален секретар на Меѓународната поморска организација, а Туркије ќе ја поддржи кандидатурата на Грција за привремено членство во Советот за безбедност на ОН, Дендиас рече дека се надева на поголеми и посуштински чекори од двете страни за време на интервјуто на 8. Економски форум Делфи.

„Се надевам дека тоа е прв чекор кон нешто многу посериозно и многу поголемо. Знаете, ако не сме подготвени да преземеме најмал ризик за што било, нема да стигнеме никаде. Можеби никогаш нема да излеземе надвор од нашата куќа наутро затоа што може да ни падне тула“, рече тој.

„Јас сум еден од оние што длабоко веруваат во можноста за постигнување договор со Туркије“, рече Дендиас, додавајќи дека е особено среќен што го завршува својот мандат во Министерството со многу добра клима во грчко-турските односи.

„Не разбирам зошто можеме да ги решиме прашањата со Египет, со Италија, со Албанија, а не со нашиот сосед Туркије“, праша тој.

Грција беше меѓу првите земји што упати сочувство и понуди помош кога на 6 февруари два силни земјотреса погодија 11 јужни турски области.

Исто така, Туркије беше прва земја што изрази сочувство и понуди помош по железничката несреќа на 28 февруари во Северна Грција, во која загинаа 57 лица.

По несреќата, Туркије дозволи грчки затвореник да оди во Грција за да присуствува на погребот на својот син.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и Дендиас се состанаа на 20 март во Брисел и се согласија Туркије да ја поддржи кампањата на Грција за Советот за безбедност во периодот 2025-2026 година. Атина се согласи да ја поддржи кандидатурата на Анкара за генерален секретар на Меѓународната поморска организација.

Грчкиот министер за одбрана Николаос Панајотопулос минатата недела ја посети Туркије и се сретна со турскиот министер Хулуси Акар.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Турски астронаут ќе помине 14 дена на Меѓународната вселенска станица

Следно

Деветмина загинати по истекување гас во фабрика во Индија

Latest from Blog

Рама: Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама, од Скопје каде што се одржува самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, нагласи дека никогаш не сме биле поблиску до ЕУ. Рама вели дека има позитивна

Плажата Оревче ја најави секојдневната програма за летото 2025, многу причини за пливање и танцување

Плажата Оревче ја најави секојдневната програма за летото 2025, многу причини за пливање и танцување, а сите што веќе биле на оваа плажа знаат колку е добро да се танцува на Оревче

Младите и евроскептицизмот: Над 40% со позитивен став кон ЕУ, но без верба во брза ЕУ интеграција на земјата

Резултатите од онлајн анкета спроведена на крајот на месец јуни 2025 година со учество на над 1.000 млади лица од земјава потврдуваат постоење на евроскептицизам помеѓу младите луѓе, различни очекувања за членството

Натпреварот помеѓу Јувентус и Реал вечерва може да биде прекинат!

Осминафиналниот дуел од Светското клупско првенство меѓу европските гиганти Реал Мадрид и Јувентус, закажан за вечерва во Мајами (21:00 по средноевропско време), би можел да биде одложен или прекинат поради најавеното невреме.
Go toTop