Затвора весникот што пишуваше за младиот талент Моцарт

April 29, 2023
1 min read

Со одлука на австрискиот парламент, под важечкиот бизнис модел  престанува да излегува печатеното издание на Виенер Цајтунг кој е во оптек уште од 1703 година.

Во својата 320 годишна историја имаат покривано сè, од откривањето на младиот талент по име Моцарт, до абдицирањето на последниот хабсбуршки цар.

Во сопственост на австриската влада е од 1857 година а весникот финансиски се одржуваше благодарејќи на законот сите јавни огласи да се огласуваат во печатен весник.

Парламентот сега ја укина таа блесава одредба.

„Не ѝ е работа на Републиката да води и финансира дневен весник,“ рече своевремено канцеларот Себастијан Курц.

Барем пет години наназад, македонската влада обилно субвенционира печатени весници, со по меѓу 500.000 и 700.000 евра годишно. Да не згаснеле бидејќи се загрозени од новите технологии.

Што не субвенционираат и машини за пишување кои се животно загрозени од компјутерските тастатури? 

Ама, се има пари, не сме како кутрине Австријци.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Оружјето ѕвечка и на Корејскиот полуостров

Следно

Силен земјотрес ја погоди турската област Кахраманмараш

Latest from Blog

Тројца социјални работници добија отказ поради убиството на домородно девојче во Австралија

Телото на девојчето, кое од културни причини е наречено Куманџаји Мало Бејби, беше пронајдено на 30 април, пет дена откако исчезна од абориџинска населба во близина на Алис Спрингс, пишува Би-Би-Си. Министерката

ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

Во пресрет на Конгресот на Обединувањето на ВЛЕН, младинските форуми на партиите од коалицијата ВЛЕН предложија Резолуција за унапредување на младите во политичкиот и јавниот живот. Водени од принципите на демократија, меритократија
Go toTop